Според ВМРО-ДПМНЕ виновни за сообраќајниот хаос во Скопје се СДСМ и Арсовска.

Објавил: Едмонд Бекири | 2 декември, 2022 17:11

Приватните превозници ги паркираа автобусите на Илинденска, во понеделник целосна блокада на Скопје

Фото/Текст извор: ©сител

Приватните превозници паркираа 200 автобуси долж Илинденска, градоначалничката Арсовска го асфалтира булеварот кај Народна банка- скопјани среде сообраќаен хаос. Колони од возила и нервозни возачи, автобуските станици полни, но и автобусите на ЈСП.  Граѓаните велат, решение мора да се најде, објави Сител!

Но решение на повидок нема. Иако приватните превозници цел ден чекаа пред град Скопје да ги прими градоначалничката на средба,-средба не добија. За да нема нетрпеливост кај граѓаните и гужви во сообраќајот поради дефицит од автобуси, но и блокадите кои ги најавуваат, приватните превозници понудија компромисно решение- да им се исплати барем дел од долгот и веднаш ќе започнат да возат.

Според ВМРО-ДПМНЕ виновни за сообраќајниот хаос во Скопје се СДСМ и Арсовска.

Арсовска постави кадар на СДС за директор на ЈСП. Директорот на ЈСП, Стојковски, лично ја потпиша набавката од 27 милиони евра за гориво по цена од 2 евра за литро.Грабежот на Скопје е заеднички организиран од Ковачевски и Арсовска. Арсовска ги малтретира работници и го загрозува јавниот превоз во Скопје.

Според СДСМ пак, сообраќајниот хаос во Скопје е последица од ВМРО-ДПМНЕ.

Доколку до понеделник нема решение, приватните превозници ќе го парализираат сообраќајот во Скопје, со блокада на клучните раскрсници, кај Мавровка, Црвен Крст и цел булевар од Илинденска. Бараат разбирање од граѓаните бидејќи мораат на овој начин да си ги добијат заработените пари. На повикот на Арсовска приватните превозници да се пријават во град Скопје и да добијат линија, а средствата да им се исплаќаат директно од градот, велат никој нема да се пријави, бидејќи целта на градоначалничката според нив е да го растури единството на приватните превозници.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Сообраќај

Од Синдикатот на контролори на летање велат дека се единствени, а добиваат се поголема поддршка од вработените. Доколку не се исполнат нивните барања, продолжуваат со штрајк секој четврток од 11 до 17 часот, но не ја исклучуваат можноста и за негово интензивирање

Денеска 6 часа без полетувања и слетувања на аеродромите во Скопје и Охрид, поради штрајк

Денеска на двата аеродрома во државата, скопскиот и охридскиот, 6 часа ќе нема полетување...

Кандидатите треба да достават и доказ дека со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.

ЈСП ОБЈАВИ ОГЛАС ЗА ВОЗАЧИ Кандидатите треба да имаат минимум 2 години возачко искуство

ЈСП „Скопје“ објави оглас за вработување на возачи. На веб страната на јавното претпријатие...

Патничките возови 601 на релација Скопје – Велес и 2080 на релација Велес – Скопје нема да сообраќаат во периодот од 26 јуни до 10 јули, освен во недела кога ќе сообраќаат според возниот ред, информираат од ЈП ЖРСМ Инфраструктура.

Возовите на релација Скопје – Велес нема да сообраќаат од 26 јуни до 10 јули

Возовите на релација Скопје – Велес нема да сообраќаат од 26 јуни до 10 јули! Патничките...