Хаосот во сообраќајот изгледа ќе продолжи, бидејќи Арсовска изјави дека не се откажува!

Објавил: Сара Петреска | 2 декември, 2022 6:58

Приватни превозници денеска ќе ја блокираат „Илинденска“ – од понеделник најавуваат радикализација на протестите

Фото/Текст извор: ©тв 21

Приватни автобуси денеска со почеток во 06:00 часот ќе ја блокираат десната лента на улицата Илинденска.

Покрај тоа, близу 200 автобуси ќе го блокираат и собранието на Град Скопје.

Блокадата може да продолжи и во текот на викендот доколку не се слушнат нивните барања, а доколку не се постигне договор, од понеделник ќе има целосна сообраќајна блокада на крстосницата  кај „Мавровка“, „Црвен Крст“ и улицата „Илинденска“. одлучи координативното тело на приватните превозници.

Хаосот во сообраќајот изгледа ќе продолжи, бидејќи Арсовска изјави дека не се откажува.

Јовановски вели дека превозниците на приватните фирми не продале никакви нефискални билети, додавајќи дека фискалните апарати на автобусите се неисправни уште од времето на поранешниот градоначалник Коце Трајановски и дека тоа неколку пати било пријавено, но никој не реагирал.

Приватните превозници во понеделникот ја блокираа раскрсницата кај Мавровка предизвикувајќи голем сообраќаен хаос. Бараат ЈСП да им го исплати долгот кој според нив е над 2 милиони евра и да ја укине одлуката за раскинување на договорите со двете приватни компании Слобода превоз и Макекспрес.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Сообраќај

Приватните превозници во Градот Скопје ги послушаа, како што велат, сугестиите на премиерот Димитар Ковачевски и попладнево почнуваат со повлекување на автобусите кои беа паркирани на булеварот „Илинден“. Илинденска во моментов ја ослободуваат и ќе чекаат покана од премиерот за средба на која би присуствувале и претставници на Градот Скопје, но и на ЈСП.

(ВИДЕО) Приватните превозници го послушаа премиерот: Ги тргаат автобусите од Илинденска и чекаат покана за средба

Во името на „Слобода превоз“, „Макекспрес“ и сите превозници сакам да му се заблагодарам...

На вчерашната блокада беше приведена една жена. Таа според полицијата го прекршила јавниот ред и мир бидеќи агресивно се однесувала и кон приватните превозници и кон полицијата.

Блокадите на крстосниците од денеска се префрлаат само кај Град Скопје

Блокадите на крстосниците од денеска се префрлаат само кај Град Скопје. Од 10 часот...