Македонија
Вести
Министерството за внатрешни работи и надлежните институции на Република Македонија во соработка со партнерите од Глобалната коалиција за борба против тероризмот и Сириските Демократски Сили приведоа седум македонски државјани за кои постојат основани сомненија дека како странски терористички борци активно учествувале во војните во Сирија и Ирак.
“Станува збор за македонските државјани С.Р. 1990 – Џ.А. 1993 – Б.Ф. 1994 – О.Ж. 1987 – Е.О. 1994 – И.Ш. 1977 и А.М. 1995 за кои е распишана меѓународна потерница и за кои според Член 322-а и 394-а од Кривичниот законик на Република Македонија се поднесени кривични пријави во рамки на полициските акции “Ќелија 1 [ август 2015 година ] и “Ќелија 2″ [ јули 2016 година ].” – соопшти МВР.
Во рамки на глобалната коалиција за борба против тероризмот Република Македонија продолжува и понатаму со континуирани активности во насока на детектирање – идентификување – неутрализирање и кривично гонење на странски терористички борци.
Република Македонија како една од земјите коja ги прифати резолуциите 2178 [ 2014 година ] и 2396 [ 2017 година ] на Советот за безбедност на Обединетите Нации презеде обврски за кривично гонење на своите државјани кои како странски терористички борци учествувале во кризните боишта во Сирија и Ирак и нивно враќање во матичната земја – почитувајќи го домашното и меѓународното право како и основните човекови права и слободи.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести




Останати вести од Вести
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.