Полицска акција

Објавил: Калина Мартинска | 20 март, 2025 20:47

Приведени се тројца поранешни градоначалници на Кочани – Папазов, Илијев и Димитровски

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов од ВМРО-ДПМНЕ попладнево е приведен по налог на Обвинителството, објавија медиумите, како и неговите претходници Николчо Илијев од СДСМ и Ратко Димитровски од ВМРО-ДПМНЕ.

Николчо Илијев од редовите на СДСМ беше градоначалник од 2017 до 2021 година. Претходно прв човек на Кочани беше Ратко Димитровски од ВМРО-ДПМНЕ со два мандата (2009-2017). Љупчо Папазов од ВМРО- ДПМНЕ си поднес еоставка во понеделникот.

„Во тек е акција на полициски екипи по наредба на Основното јавно обвинителство Кочани, а во врска со постапката за пожарот во клубот “Пулс”.

Акцијата за приведување лица за кои постои сомнение за инволвираност ќе трае во текот на ноќта, а повеќе информации обвинителството ќе соопшти по завршување на акцијата во текот на утрешниот ден.“, соопшти Обвинителството.

Претходнo, градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов со објава на Фејсбук ден по трагедијата во неговиот град во кој во пожар загинаа 59 млади луѓе информира дека поднесува оставка на фукцијата прв човек на градот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести