Тој бил уапсен од секторот за организиран криминал.

Објавил: Катерина Крстиќ | 26 јуни, 2020 16:57

Приведен Ден Дончев – на распит во полиција

Фото/Текст извор: ©Лидер.мк

Екс директорот на Фондот за здравство, Ден Дончев, бил приведен и во моментов е на распит во полициската станица Карпош – дознава Лидер од извори во МВР.

Тој бил уапсен од секторот за организиран криминал.

Како што дознава Лидер, Дончев е приведен по објавата на видео и аудио разговорите од профилот на јутуб со име “Лепливи раце”.

Во видеото се гледаше како тој во торба става снопче паро изрекетирани од една компанија.

Во овој момент не е познато каде е пронајден од страна на полицијата и дали се обидел да бега.

По распитот во П.С. Карпош се очекува тој да биде изведен пред јавен обвинител и истражен судија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Закони

Од утре, државјани на Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово ќе биде задолжително да приложат негативен ПЦР – тест на ковид-19, не постар од 72 часа, доколку сакаат да влезат во Северна Македонија.

ОДЛУЧЕНО: Од утре ПЦР-тест за влез во Македонија

По препорака на Комисијата за заразни болести, негативен тест на ковид-19 ќе треба да...

Скопското обвинителство ова го потврди за телевизијата, а докторката казната ја доби бидејќи наместо да оди во самоизолација по враќање од пат од Италија, таа одеше на работа и учествуваше на семинар.

КРИВИЧЕН ПРЕСУДИ: Докторката Нина Цаца Биљановска казнета со 10.000 евра

Кривичниот суд го прифати барањето на Основното јавно обвинителство и со 10.000 евра...

За да ДИК работи легитимно и легално, нагласи, и треба решение од претседателот на Собрание кое е првиот основен столб во Изборниот законик како се организираат избори.

Деркоски: Нема да свикам седница на ДИК без решение за нов датум за избори од Талат Џафери!

Ние во ДИК не сме Уставен суд и мораме да го применуваме законот, а не да судиме дали...