МВР

Објавил: Калина Мартинска | 25 март, 2025 14:30

Приведен Ејуп Рустеми и уште три лица – апсења во врска со тендерот за обезбедување на патарините

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Претпладнево е уапсен Ејуп Рустеми, поранешен директор на Јавното претпријатие „Државни патишта“, претпладнево, дознава Телма од извори од министерството за внатрешни работи (МВР).

Апсењето, според извори на Телма, е поврзано со тендерот за обезбедување на патарините. Покрај Рустеми, уапсени се и Ејуп Љатифи, заменик директор за оддржување на патишта, Дрилон Зибери, раководител на Одделение за наплата на патарини и контрола и Џемал Билбиловски, сопственик на агенцијата за обезбедување „2СС“.

Оваа недела се очекува приведување на најмалку 15 други лица. Станува збор за поранешни и сегашни службеници и раководители во повеќе институции како Јавното претпријатие „Државни патишта“, „Македонијапат“, Пазарна инспекција, како и во секторот рударство.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести