
Македонија
Вести
Четириесетгодишниот скопјанец Д.Ѓ., во чиј двор од куќа вчера беа пронајдени четворица малолетници од кои двајца во бессознание, е лишен од слобода.
Како што се наведува во денешниот полициски билтен, лицето било лишено од слобода вчера во 16 часот.
Денеска, додаваат од полицијата, во тек е увид под раководство на јавен обвинител и се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот.
Во описот на случајот се вели дека вчера во 13:57 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено оти во двор од куќа, сопственост на Д.Ѓ., тој со тврд предмет бил физички нападнат од малолетник.
По добиената пријава полициските службеници биле во куќата каде ги затекнале четирите малолетни лица од кои две биле во бессознание.
Од Министерството за внатрешни работи (МВР) велат дека малолетниците консумирале алкохол и психотропни супстанци, а на местото на настанот биле пронајдени и остатоци од работи кои ги консумирале, за кои дополнително ќе се врши вештачење за да се утврди нивната содржина.
Малолетните лица со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Клиниката за токсикологија каде им била укажана лекарска помош.
Од Клиниката за токсикологија денеска информираа дека четворицата малолетници се во стабилна состојба, свесни и контактибилни и оти немаат посериозни повреди, но ќе бидат задржани уште неколку дена на лекување. Анализите што биле направени, како што рече директорот на Токсикологија Андон Чибишев, докажале дека кај малолетниците имало присуство на психотропни супстанци, но не и алкохол.
За случајот, од Основното јавно обвинителство велат дека ќе известат во текот на денот.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.