Рубин е вработен во Судот и реши јавно преку социјалната мрежа Фејсбук да објави дека е заразен од корона а воедно информираше дека моментално е хоспитализиран во прилепската болница.

Објавил: Катерина Крстиќ | 3 април, 2020 0:11

Прилепчанецот Рубин вработен во суд се заразил од коронавирус додека бил на работа!

Фото/Текст извор: ©magazin.mk фото маркукуле

Рубин Лефтер од Прилеп е еден од совесните граѓани кои реши да сподели со своите најблиски, колегите и пријателите дека е заразен од Коронавирус. Имено Рубин е вработен во Судот и реши јавно преку социјалната мрежа Фејсбук да објави дека е заразен од корона а воедно информираше дека моментално е хоспитализиран во прилепската болница.

Фејсбук статус на Рубин Лефтер вработен во судот во Прилеп…

Пријатели, пред неколку часа ми е соопштено дека сум позитивен на Коронавирусот, моментално сум хоспитализиран во Прилепската болница. Сите со кои имав контакт се известени од моја страна, но сакам да ги известам и останатите кои работат во Основното Јавно Обвинителство во Прилеп, кои имале контакт со мене, доколку почувствуваат било какви симптоми да се јават во Центарот за Јавно здравје. Вирусот го добив на работното место, од 18 март се наоѓам во смаоизолација како и моето семејство.

Ваквиот потег на Рубин доби многу позитивни коментари бидејќи тој најпрво се самоизолирал веднаш штом почувствувал симптоми, а потоа ги известил и сите со кои имал контакт дека е позитивен на Коронавирус.

Позитивен коментар за храброста на Рубин имаше и пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски кој вели дека ваквиот потег треба да се цени.

Тие кои јавно ќе известат дека имале несреќа да се заразат со Ковид19 (како г-нот Лефтер од Јавното бвинителство во Прилеп), не треба да ги стигматизираме, туку да го цениме тоа што совесно сите не’ предупредуваат, особено тие кои биле во контакт со нив.
Да им посакаме брзо закрепнување, да бидеме одговорни, да се чуваме себеси, а со тоа и другите. Ова ќе биде тешка битка. Мораме заеднички да се избориме, напиша Милошоски на Фејсбук.

 
 
 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Вчера, Хрватска 1 заразен, Словенија 1 заразен, Црна Гора нула заразени. Ние вчера 37 заразени, денес 23 заразени. Бројките се незгодна ствар, коментира актерот Сашо Тасевски.

Тасевски повторно удри по власта: Вие сте неспособни, немате авторитет ни до Чаир!

Познатиот македонски актер, и поранешен директор на Драмскиот театар Скопје, Сашо...

Инаку сега, шега на страна ,,БРАКОТ,, на реисот Сулејман Реџепи e присилен! Една од причините за овој  ,,брак,, e понижување пред Бајрам, што е и направено...

Буревесник: РЕИСОТ РЕЏЕПИ БИЛ ПРИСИЛЕН НА БРАК ГО МЛАДАТА ЕМИНЕ?

Новинарот Зоран Божиновски, новинар и уредник на Буревесник, вчера на својот официјален...

Одамна немам просведочено цинизам и арогантност на прес-конференција кон новинарски прашања, како денеска на пресот на министрите Ангеловска и Бектеши, особено од министерката за финансии.

Јаневски: Министерката Ангеловска е арогантна и цинична кој се потсмева на прашања од новинарите!

Одамна немам просведочено цинизам и арогантност на прес-конференција кон новинарски...