
Македонија
Вести
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, му го предаде на премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, првиот контингент вакцини што Србија ги донира на таа земја.
Двајцата се сретнаа во 10 часот на преминот Табановце по силната снежна бура, каде што најпрво се поздравија и се прегрнаа, а Вучиќ ја предаде донацијата од 4.688 вакцини Фајзер кој истакна дека овај добар гест е за македонските браќа!
Донесовме 4.688 вакцини, тоа е во прва фаза. Мислам дека тоа е добра вест за нашите браќа, рече Вучиќ.

Во заедничкото обраќање со претседателот Вучиќ, Заев рече дека ова е помош на пријателите и соседите, на пријателскиот српски народ со кој неговата земја има традиционални пријателски и братски односи и дека ова е првиот контингент на помош!
Заев посака мир, среќа и љубов на Балканот и посочи дека минатата година беше исклучително тешка и повторно се заблагодари на солидарноста со народот на Србија.
Вучиќ рече дека компанијата „Фајзер“ побара вакцините да бидат предадени според сите процедури.Ова е половина од претходно договорените околу 8.000 дози што Србија ќе и ги обезбеди на Северна Македонија.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.