Живот
Здравје
Министерот за здравство, Венко Филипче на својот Фејсбук профил објави дека на скопскиот аеродром слетал првиот авион со вакцини од „Синовак“, а попладне се очекува да пристигнат и останатите количини.
Првиот авион од вкупната пратка од 500.000 дози вакцини, што ги купивме од производителот Синовак слета утрово на скопскиот аеродром.
Во текот на претпладневните часови се очекува да пристигнат и останатите количини. Благодарност до Народна Република Кина за заложбите да ја добиеме оваа поголема количина на вакцини и за точноста во испораката на истите.
Со овие пратки од понеделник ќе продолжи масовната вакцинација на населението која беше прекината оти немаше вакцини.
„Се очекува вакцинација на 15.000-20.000 граѓани на ден. За брзо време ќе се вакцинираат сите 180.000 пријавени граѓани. Мислам дека до крајот на летото голема бројка граѓани ќе бидат вакцинирани. Сега се вакцинирани околу 300.000 граѓани, а со овие пратки ќе бидат уште толку, што значи ќе имаме 600.000 вакцинирани граѓани или 50 отсто од вкупната популација која треба да се вакцинира. До крајот на летото верувам дека ќе се постигне процент за кој можеме да кажеме дека имаме колективен имунитет“, рече во вторник министерот Филипче.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести



Останати вести од Здравје
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.