Најново метео

Објавил: Сара Фемина | 1 декември, 2021 7:16

ПРИСТИГНА СТУДОТ: Наутро студено и до -10 степени

Фото/Текст извор: ©магазин

Утрото студено, преку денот сончево со мала, а во западните делови со умерена облачност, ќе биде времето денес.

Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец.

Утринските температури ќе се движат од -10 до -2 степени, а максималните дневни ќе достигнат 11 степени.

Слично време со слаб до умерен јужен ветер е најавено и за утре. Утринските температури повторно ќе бидат под нулата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.