Александар Новаковски, адвокатот на Зоран Милевски-Кичеец, во разговор за „Фокус“, вели дека притворот кој му е одреден на Кичеец е незаконски.

Објавил: Мирко Бачиќ | 8 септември, 2021 18:07

Притворот на мојот клиент Кичеец е незаконски, тврди адвокат Новаковски

Фото/Текст извор: ©магазин

По барање на Основното јавно обвинителство Гостивар, на Зоран Милески Кичеец вчера му беше одреден 30 дневен притвор за тешката сообраќајна несреќа во која седум лица беа повредени, а едно го загуби животот.

ОЈО Гостивар претходно соопшти дека е донесена Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено за кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот според член 300 став 2 во врска со член 297 .

 Движејќи се со патничко моторно возило „Мерцедес“ со кичевски регистарски ознаки, тој на критичното место не ја прилагодил брзината на движење според состојбите и условите на патот и на видно обележана полна надолжна линија започнал престигнување на возилото пред него – автомобил „БМВ“ со тетовски регистарски ознаки. Во истиот момент, во обратна насока кон Кичево се движел автомобил „Санг Јонг“ со гостиварски ознаки, на кое осомничениот му го попречил патот, па директно удрил со предниот десен дел од „Мерцедесот“ во предниот десен дел од автомобилот „Санг Јонг“. Удреното возило со левиот страничен дел, пак, удрило и во автомобилот „БМВ“ кој бил претекнуван. Во несреќата, животот го загубил сопатник во автомобилот „Санг Јонг“, четири лица се здобиле со тешки телесни повреди, а тројца, меѓу кои и осомничениот, се здобиле со телесни повреди, се наведува во соопштението на ЈО.

Александар Новаковски, адвокатот на Зоран Милевски-Кичеец, во разговор за „Фокус“, вели дека притворот кој му е одреден на Кичеец е незаконски.

Притворот е незаконски, целата фела се изјасни. Веќе го обжаливме и сега чекаме одлука, изјави Новаковски за “Фокус”, појаснувајќи дека притворот на неговиот клиент му бил одреден по трите основи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Во врска со најавата на Заев за оставка ако не победи Шилегов за градоначалник, Петковски објаснува дека градоначалничката позција не е поврзана со позицијата на Владата.

Петковски: Неодговорна е изјавата на Заев дека ќе си поднесе оставка ако не победи Шилегов

Партиите изгубија, граѓаните добија на овие локални избори, вели Тито Петковски, во...

Директорот на МЕПСО објаснува дека во такви случаи се презема енергија од европската мрежа и досега земјава тоа го наравила четири пати без најава и добила четири предупредувања од Центарт во Швајцарија каде што се прават пресметките.

Директорот на МЕПСО за Телма: Трошиме двојно повеќе струја отколку што произведуваме, за октомври ќе треба да ѝ платиме на Европа 15 милиони евра

Директорот Куштрим Рамадани открива дека земјава четири пати без најава презела електрична...

Ковачки цитираше и дел од брифинзите, а потенцира и оти биле давани насоки и се договарани и физички пресметки како и закани по живот за прилепчани.

СКАНДАЛ: Полицајци блиски до СДСМ договарале малтретирање на граѓани за изборите

Полицајци блиски до СДСМ следеле членови на ВМРО-ДПМНЕ за време на изборната кампања....