
Македонија
Вести
Притвор за групата која во текот на вчерашниот ден беше приведена под сомнение за продажба и дистрибуција на дрога.
Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на јавен обвинител за гонење организиран криминал и корупција го прифати предлогот за притвор во траење од 30 дена, поради опасност од бегство, влијание на сведоци и повторување на делото.
Прифатен е и предлогот за определување на мерка притвор против две лица кои се недостапни за органите на прогон, а мерката почнува да се спроведува од нивно пронаоѓање односно лишување од слобода.
Штекли и дел од неговата група на распит во Кривичен суд, се бара притвор за 10 лица
Полицијата организираше обемна акција во Скопје и Гевгелија и изврши претреси на повеќе од 20 локации.
Пронајде дрога, оружје, девет илјади евра, десетина мобилни телефони и возила.
Приведен е и Раде Трајковски – Штекли, познат на јавноста по тоа што имаше три обиди за неговата ликвидација, а според информациите тој наводно се подготвувал да избега, кога полицијата го уапсила во близина на хотел во Гевгелија.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.