„Споменатото комбе од акцијата на МВР не е сопственост на фирма на Заеви. Ниеден од уапсените не е вработен во ниедна фирма на Заеви. Јас сум на службено патување од 23ти март во Обединетите Арапски Емирати со цел проширување на работата на нашите компании.“- Трајче Заев!

Објавил: Рејхан Бајрами | 12 април, 2021 4:31

Притвор за сите шестмина приведни во акцијата кај Прилеп

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

30-дневен притвор им определи скопскиот кривичен суд за шестмината осомничени за шверц на марихуана уапсени во завчерашната акција на полицијата во прилепско, потврдуваат за Канал 5 од судот.

Од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција велат дека мерката притвор за сите осомничени е побарана поради опасност од бегство, влијание врз сведоците и повторување на делото. Велат активно се работи на истрагата а засега е рано да се одговори дали ќе има нејзино проширување.

Зад решетки заврши и командирот на прилепската полиција Кире Спиркоски, како дел од групата која полицијата ја уапси во близина на селото Раец во обид да ја пренесе марихуаната. А од опозициската ВМРО ДПМНЕ денеска излегоа со тврдење дека еден од приведени во акцијата е Александар Ушилковски, личен возач на Трајче Заев, братучед на премиерот Зоран Заев, но и дека пратката со марихуана тргнала од Фирмата Медика 420 од Битола која според партијата е директно поврзана со фамилијата Заеви.

„Дрогата доаѓала директно од фирмата “Медикал 420” од Битола, фирма чија лиценца ја потпиша и одобри лично Зоран Заев како премиер, каде што при увидот според наши информации фалеле над 10.000 стебла со марихуана, односно тоа се повеќе од 200 килограми марихуана. Секое стебло мора да има свој евидентен број, а овде фалеле над 10.000 стебла замислете колкава е таа бројка.

Затоа, уште еднаш јавно прашуваме, дали комбето со кое е превезувана марихуаната од нарко дилерите Ушилковски и Чипсио е во сопственост на фирма партнер на Трајче и Бобан Заеви?“ – Димче Арсовски – Портпарол на ВМРО ДПМНЕ

Трајче Заев е категоричен дека ниту неговите фирми ниту некој од вработените е инволвиран во шверцот на дрога.

„Споменатото комбе од акцијата на МВР не е сопственост на фирма на Заеви. Ниеден од уапсените не е вработен во ниедна фирма на Заеви. Јас сум на службено патување од 23ти март во Обединетите Арапски Емирати со цел проширување на работата на нашите компании.“- Трајче Заев!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Од еколошкото здружение Натура лаб од Лабуништа, се закануваат со блокади и бојкот на наставата во локалното основно училиште, ако владата не си го одржи ветеното.

Жителите на Лабуништа се жалат дека власта ги излажала

Каменоломите во струшко Лабуништа, две години откако беа затворени од државата, сега...

Поглаварот на ИВЗ, Шаќир Фетаху ќе разговара со сите муфтивства во земјава, а самиот секој петок ќе оди во џамиите и ќе ги повикува граѓаните да внимаваат со непотребното трошење струја. Ова му го вети првиот човек на ИВЗ Фетаху на министерот за економија Крешник Бектеши

Бектеши бара помош од верските заедници – ИВЗ: Секој петок во џамија ќе се зборува за штедење струја

Исламската верска заедница ќе бара од верниците да штедат струја во текот на зимата. Поглаварот...

Тој најави дека ќе разговара и со Македонската православна црква за поддршка во активностите за справување со енергетската криза. Целта е да се намали потрошувачката и да се ослободат повеќе количества на струја за индустријата.

Бектеши бара поддршка од ИВЗ и МПЦ за штедење струја

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска побара поддршка од поглаварот на...