
Македонија
Вести
Листите на чекање за операции се зголемуваат, хируршките клиники и натаму работат со намален интензитет, а во старата градска болница дуплиран е бројот на операции и речиси целосно се исполнети болничките капацитети.
Колку што ќе трае проблемот со салите и одложувањето на операции, исто толку време ќе треба и да се стабилизира листата на чекање, велат дел од хирурзите. Додека притисокот врз оваа клиника расте, недостигаат медицински сестри за кои менаџментот очекува помош од клиничкиот центар.
Владата пак после цели три недели се заинтересира за колапсот и хаосот на клиниките, па дури на вчерашната седница донела заклучок да се укаже на службата за заеднички работи на Клинички центар да спроведе итна набавка на нова компресорска станица како и нова инсталација на сите хируршки клиники во Клиничкиот центар.
„Капацитетот во последните три недели е исполнет од 95 до 100%. Тоа варира на дневна база, во зависност од бројот на примени и отпусни од болницата. Така да од 95 до 100% е пополнет капацитетот на болницата. Отприлика некаде меѓу 17 и 25 пациенти итни дневно се оперираат во нашата установа“, доктор Небојша Настов, раководител на оддел за трауматологија во „ГОБ Св. Наум Охридски“.
„Што побрзо да се надмине проблемот на Клинички и кај нас тука ќе се среди ситуацијата, тоа е апелот“, вели Нермин Шаќири, економски директор на „ГОБ Св. Наум Охридски“.
Ситуацијата речиси идентитчна и во соседната градска болница „8 Септември“.
„Хируршките одели околу 80% се полни, меѓутоа секако е зголемен бројот на итните пациенти во главно се оперираат сите оние итни пациенти како што се абдоменални, најразлични крварења , тие имаат приоритет“, изјави доктор Христијан Костов, директор на ГОБ „8 септември“.
Од службата пак неофицијално велат дека се уште немаат добиено никаков допис од Владата, а и нејасно е како и каде ќе се прави дислокација на компресорската станица.
Затворањето на оперативните сали на клинички, но и реакцијата на надлежните институции за решавање на проблемот ќе го преземе и народниот правобранител, кој по сопствена иницијатива ќе отвори предмет и ќе утврдува дали се прекршуваат правата на пациентите.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.