Гласачот во избирачкото место број 2909 во ОУ „Живко Брајковски“ го фотографирал гласачкото ливче, по што гласањето било прекинато.

Објавил: Катерина Крстиќ | 15 јули, 2020 15:52

Пријавени изборни нерегуларности во повеќе општини:Прекинато гласањето во Бутел, гласач го фотографирал гласачкото ливче!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Мал инцидент се случил денес на избирачкото место во Бутел, дознава 24 инфо.

Гласачот во избирачкото место број 2909 во ОУ „Живко Брајковски“ го фотографирал гласачкото ливче, по што гласањето било прекинато.

Гласачот е уапсен.

На сликаното гласачко ливче заокружен беше кандидатот на владејачката албанска партија.

Според Кривичниот законик, казната за вакви и слични дела поврзани со изборниот процес е затвор до три години.

Претходно поради нерегуларности беше прекинато гласањето во Лојане, општина Липково на гласачкото место 1129, објави порталот Лајмепрес.

Забележани поголем број изборни нерегуларности до 15 часот…

Според набудувач во ова изборно место, забележано е дека има многу гласачки ливчиња кои недостасуваат, лифчиња кои некој ги отстранил.

Ова беше причината поради која набудувачот го стопираше процесот, побара полициска помош и побара ова да биде евидентирано во записникот.

Инаку до 13 часот во основните јавни обвинителства и преку електронската адреса izbori@jorm.mk пристигнати се неколку известувања за евентуални изборни нерегуларности.

Од Јавното обвинителство информираат дека по сите добиени известувања се постапува итно и со приоритет.

Во Основното јавно обвинителство Струмица денеска е доставено известување за лице кое на бензиска станица во село Василево нудел ваучери за гориво за да се гласа за определена политичка партија. Обвинителството издало наредби за обезбедување на видео камери, видео записи и преземање дејствија во насока на утврдување на фактите.

Во Струмичкото обвинителство примени се известувања за уште два настани, случени вечерта на 14 јули. Едниот во село Добрадинци каде околу 21 часот лице нудело пари за да се гласа за определена политичка партија, а вториот настан се случил во село Дражево, каде околу 21:50 часот лице вработено во Центарот за социјални работи вршело агитација со закани за да се гласа за определена политичка партија.

Во Основното јавно обвинителство Скопје добиено е известување за настан во избирачко место во ОУ Петар Поп Арсов каде на лице со истечена лична карта не му било дозволено да гласа, по што тој започнал вербална расправија и со мобилен телефон ги снимил членовите на избирачкиот одбор.

Во Основното јавно обвинителство Кочани се преземаат дејствија за расчистување на вкупно пријавени шест настани кои се однесуваат на наводен изборен поткуп и за агитирање со организирано носење гласачи до избирачките места.

На електронската адреса на која граѓаните можат да пријават сомненија за изборни нерегуларности денеска пристигнати се вкупно пет известувања. Претставници на една политичка партија испратиле четири известувања за наводен поткуп на гласачи кои се вршеле во избирачки места во Кочани. Известувањата се итно проследени во надлежното Основно јавно обвинителство Кочани и по нив се постапува.

Основач на граѓанска организација испратил известување за наводни изборни нерегуларности кои се вршеле преку агитирање на социјалните мрежи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Избори 2020

Груби вели дека нема да дозволат да се вратат назад, без разлика дали се во позиција или во опозиција, па затоа истакна дека не доаѓа во предвид ДУИ да коалицира со Левица.

Груби: Секојдневно контактираме со СДСМ, не доаѓа во предвид коалиција со Левица!

Во интервју за албански „Шчип“,  организацискиот секретар на ДУИ, открива дека...

ДУИ има многу добра положба за преговарање, се согласувам со ставот дека барањето за прв премиер Албанец, не беше ништо повеќе од преговарачки чин на Али Ахмети- рече Богоевски.

Богоевски: Заев може да собере 61 пратеник и без ДУИ!

Поранешниот пратеник од редовите на СДСМ, Павле Богоевски во вчерашното гостување...

Откако ДИК и Управниот суд ги отфрлија нивните приговори и жалби за изборни прекршувања во 5 и 6 изборна единица, главно за полнење на кутии, тие за понеделник најавуваат протестен марш во Скопје.

Таравари: Ако ДУИ дозволи да отвориме една гласачка кутија во Зајас, ќе им ги дадеме сите пратеници!

Арбен Таравари, генералниот секретар на Алијансата за Албанците, во изјава за ТВ 21,...

Тој претходно истакна дека СДСМ, брзаше дури и во време на пандемија да има избори по секоја цена, а сега Заев замина на одмор велејќи дека има време за формирање Влада, и дека за тоа ќе се разговара после 2-ри август. 

Јакимовски: За да ги исполни сите барања на Заев ќе му остане само министерство за екологија

Во вчерашното гостување во емисијата „Само Вистина“ поранешниот градоначалник на...