Втор ден од учебната година а веќе се изречени неколку решенија за изолација во училишта. Позитивни тестови добиле неколку деца од различни класови во основни училишта, објави Сител!
Во 14 дневна изолација ќе оди еден клас од 5 одделение во Основното Ѓоргија Пулевски. Едно дете добило позитивен тест на ковид 19 и веќе е направена епидемиолошка анкета со останатите.
Од ИЈЗ добиле известување дека освен прележани и вакцинирани во изолација ќе одат сите други од класот кои имале контакт со детето на првиот училишен ден. Наставничката примила две дози на вакцина и ќе продолжи да оди на работа а наставата ќе ја предава онлајн од училница.
Две деца од 9 одделение исто така вчера пројавиле симптоми на ковид 19 од основното Кирил Пејќиновиќ во скопска Кисела Вода. Едно од нив добило позитивен тест а другото дополнително ќе се испитува. Учениците се од ист клас и во изолација ќе одат сите.
До Сител пристигнаа информации за кои се уште нема потврда од институциите дека позитивни случаи има и во неколку други училишта меѓу кои и едно стручно средно во Скопје.
Инаку според протоколите за настава во училница, на сите деца на влез им се мери температура, се дезинфицираат и задолжително носат маски за време на часовите. Доколку ситуацијате се влоши од МОН велат ќе се оди на некој од другите два модели со комбинирана или целосно онлајн настава.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.