Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од „Мој термин“, пријавени се дополнително 7 лица, починати во период од 27 ноември до 24 декември, годинава.

Објавил: Сара Фемина | 25 декември, 2021 16:34

Пријавени 266 новозаболени и 15 починати со ковид-19

Фото/Текст извор: ©магазин

Министерството за здравство информира дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 4.572 тестирања, а регистрирани се 266 нови случаи на ковид-19.

Најголем дел од новозаболените се од Скопје – 120.
Регистрирани сe 717 оздравени пациенти.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 8 починати лица: по 2 починати лица од Струмица и Куманово и по едно починато лице од Скопје, Прилеп, Битола и Штип.

Од пријавените сите лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од „Мој термин“, пријавени се дополнително 7 лица, починати во период од 27 ноември до 24 декември, годинава. Починатите лица се на возраст од 57 до 82 години. Од пријавените, 5 лица се починати во болнички услови, а 2 лица се починати во домашни услови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.570.171 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 222.932, бројот на оздравени пациенти е 210.319, на починати е 7.894, а бројот на активни случаи изнесува 4.719.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Посетување на наставата во основните училишта да се одвива без маски за учениците, освен ако учениците по сопствена волја не бараат да носат заштитна маска. За наставниците и останатите вработени во училиштата останува обврската за носење маски.

Олабавување на рестриктивните мерки за спречување на ширење на коронавирусот

Владата на Република Mакедонија ги усвои препораките на Главниот координативен кризен...

Овој софистициран микроскоп дава прецизна и детална слика на оперативното поле, вели екс министерот за Здравство Венко Филипче!

Специјалната болница „Св.Еразмо” во Охрид за прв пат доби неврохируршки микроскоп

Специјалната болница „Св.Еразмо” во Охрид за прв пат доби неврохируршки микроскоп....