При претрес на домот на осомниченото лице се пронајдени документи и за нив се известени институциите од каде што потекнуваат документите и кои се надлежни за преземање на понатамошна постапка. Документите што ги наведувате во вашето прашање не се пронајдени при претресот, се вели во одговорот до МКД.мк на Јавното обвинителство.

Објавил: Катерина Крстиќ | 15 ноември, 2019 10:07

При претресот во домот на Ременски пронајдени доверливи документи

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Обвинителството за организиран криминал ги потврди информациите на МКД.мк дека при претресот во куќата на осомничената пратеничка на СДСМ Фросина Ременски за новата истрага за случајот „Рекет“ се најдени доверливи документи. Новата истрага за случајот „Рекет“ се води за невладината организација Меѓународен сојуз на Бојан Јовановски, чиј почесен претседател беше Фросина Ременски.

При претрес на домот на осомниченото лице се пронајдени документи и за нив се известени институциите од каде што потекнуваат документите и кои се надлежни за преземање на понатамошна постапка. Документите што ги наведувате во вашето прашање не се пронајдени при претресот, се вели во одговорот до МКД.мк на Јавното обвинителство.

Фросина Ташевска Ременски (22 февруари 1977 во Крива Паланка) — македонски политичар и поранешен министер за труд и социјална политика на Македонија. На оваа функцијата стапила на 12 ноември 2015 година, по договорот од Пржино.

Според неофицијалните информации на МКД.мк, во домот на семејството Ременски биле пронајдени доверливи документи од случаите „Монструм“, „Диво Насеље“ и преписки на поранешните први луѓе на Управата за безбедност и контраразузнавање во МВР. Обвинителството ги демантира овие информации.

Сопругот на осомничената Ременски, Јовче Ременски, беше помошник директор во Управата за безбедност и контраразузнавање.

Во член 54 од Законот за безбедност на класифицирани информации пишува дека: „Ако се утврди дека лицето не постапува со доверливите информации согласно со овој закон или повеќе не е исполнет некој од условите врз основа на кои е издаден безбедносниот сертификат, директорот на Дирекцијата донесува решение за престанок на важење на безбедносниот сертификат и пред истекот на неговата важност. Во решението од став 1 на овој член не се дава образложение за причините за престанокот на важноста на безбедносниот сертификат“.

Во новата истрага за случајот „Рекет“ опфатени се 5 лица. Одземените предмети во овој случај се на вештачење, кое треба меѓу другото да утврди дали Јовче Ременски имал овластување од директорот на УБК да чува доверливи информации во својот дом.

Целиот текст прочитајте го ТУКА.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Како што јави дописникот на МИА од Белград, потпретседателот на Народната партија (НС) и пратеник во собранието, Мирослав Алексиќ, кој со денови ја обвинува власта за поврзност во аферата, преку соопштение изјави дека тој решил да поднесе кривична пријава против Вучиќ и Вучевиќ затоа што тие ја одбиле неговата понуда да им помогне во составувањето на кривична пријава, така што тој би ги навел сите докази за случајот „Јовањица“, како и поради тоа што обвинителството со недели не одговара на повикот на Алексиќ да ги објави одговорите на сите прашања што тој ги поставил за аферата.

Кривична за Вучиќ и Вучевиќ за лажно пријавување и попречување на правдата

По кривичната пријава, која денеска ја поднесе градоначалникот на Нови Сад и потпретседател...

Имено, на 14 јуни 2018, во еден ден од судот беше прогласен стечај но и беше изгласан планот за реорганизација на компанијата со кој беше отпишан долгот од 28 милиони евра до „Топлификација“ што всушност се парите со кои е основана фирмата.

МЕГА СКАНДАЛ: Заев и Анѓушев вмешани во криминал тежок 200 милиони евра, заедно со Руси!

Преку 200 милиони изнесува штетата од лажниот стечај на електраната „ТЕ-ТО“ и со истата...

Денеска почина Дени Стојчев, поранешен одбојкар на Џио Струмица и на македонската репрезентација во помлади категории.

Струмица во шок и неверување: Почина младиот одбојкар Стојчев

Струмичани во шок и неверување по веста за смртта младиот одбојкар Дени Стојчев. Денеска...

Вучиќ објави за кривичната пријава против себе, велејќи дека ќе биде поднесена од потпретседателот на неговата партија (СНС), со цел да се открие вистината за „Јовањица“ со покренување истражен процес пред полицијата и обвинителството, на која заедно со органски зеленчук одгледувана е и марихуана.

Кривична пријава за Вучиќ за скандалот со плантажа за марихуана

Милош Вучевиќ, градоначалникот на Нови Сад и потпретседател на владејачката Српска...