Македонија
Вести
Како што најави генералниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски при денешната посета на подружница ХЕС „Маврово“, со три милиони евра инвестиција ќе се санираат водостанските шахти во хидроелектраната Вруток.
Директорот Ковачевски рече дека со овој проект ќе се реши проблемот со загуба на вода што трае од 2010 година.
Се очекува дека инвестицијата ќе овозможи зголемување на производство за 17.520MWh на годишно ниво, што по просечна цена на струјата изнесуваат околу 700 илјади евра, наведуваат од ЕСМ.

Во 2014 година официјално во употреба беше пуштена модернизираната хидроелектрана „Вруток“. Со ова и формално беше означен крајот на еден од најсложените енергетски зафати некогаш изведени во Македонија – реализација на втората фаза од ревитализацијата на хидроелектраните во сопственост на АД „Електрани на Македонија“.
„Проектот вреден 36,6 милиони евра почна да се реализира во февруари 2013 година година и обезбеди продолжување на животниот век на нашите големи хидроелектрани и нивните придружни градежни објекти, како и зголемување на нивната сигурност и доверливост“, истакна тогашниот директор Бошковски.
За 18 месеци беа целосно ревитализирани четирите агрегати, со што инсталираната моќност се зголеми од 37,5 мегавати на 41,4 мегавати, односно по 4 мегавати за секој агрегат.
Од хидропотенцијалот во Македонија досега се изградени хидроелектрани со вкупна инсталирана моќност од 580 мегавати и со просечно производство од околу 1.500 гигават/часови (GW/h) што претставува 27% од расположливиот потенцијал.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести



Останати вести од Вести
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.