Една недела работат само три

Објавил: Калина Мартинска | 25 мај, 2024 20:56

Проблемот со затворените хируршки сали ќе го истражува обвинителството

Фото/Текст извор: ©mkd.mk

Министерството за здравство се уште молчи за проблемот со хируршките сали во најголемиот медицински комплекс во земјава – „Мајка Тереза“.

Оттаму се уште не споделуваат информации дали дефектот поради кој со денови веќе не се вршат операции е решен и кога ќе бидат ставени во функција нa пациентите.

Јавното обвинителство истражува зошто веќе една недела се затворени хируршките сали во клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Првите информации се дека се ширел непријатен мирис, а од Министерството за здравство посочиле на проблеми со функцонирање на вентилацискиот систем. Предметот е распореден кај обвинител кој треба да провери дали во овој случај има кривично дело.

По собраните искази и докази обвинителството ќе процени дали постои основа да поведе кривична постапка и против кого. Во моментов приспособени се само три сали за исклучително итни случаи, а пациенти се препраќаат во други болници.

За состојбите на клинички центар денеска реагираа од ВМРО-ДПМНЕ од каде велат дека со потпис со лична согласност, луѓе се оперираат на сопствен ризик. Од партијата обвинуваат дека ДУИ и СДСМ системски го уништуваат здравството до последен ден и дека незапаметен хаос владее на Клиниката за хирургија.

Магазин.мк веќе пишуваше на оваа тема. Прочитај повеќе на следниот линк:

Само три хируршки сали се активни во Клиничкиот центар – magazin.mk

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести