
Живот
Настани
Вчера на церемонијата која беше одржана во Народниот музеј во Белград, беше доделена награда за хуманитарност на Новак Ѓоковиќ, а додека пак неговата фондација беше прогласена за најдобра фондација на годината.
Магазинот Diplomacy & Commerce ја доделува оваа награда по трети пат на компании и организации кои се докажале во хуманитарната работа и друштвено одговорните активности.
Новак не можеше да присуствува на доделувањето на наградите, поради подготовките за мастерсот во Мајами, но за таа прилика испрати писмо и се заблагодари за наградата.
Почитувани драги пријатели.
Жал ми што вечерва не сум со вас. Ме чека возбудлива недела на мастерсот во Мајами, посакајте ми среќа.

Со голема радост ја примив веста дека нашата фондација „Новак Ѓоковиќ„ ја прогласивте за најдобра фондација, а мене хуманитарец на годината.
Од мал тоа го сакав и замислував, а голем број сонови веќе ги остварив на теренот. Освојувањето на трофеи ни прерасна во друга страст. Моите победи повеќе не се само мои. Средствата, гласот и моќта која ја имам сакам да ја споделам со другите на кои им е најпотребна мојата помош. Тоа се децата кои сакаат да ги остварат своите соништа.
Денеска како никогаш до сега ги преиспитуваме нашите родителски вештини и чувствуваме потреба да помогнеме.
Иако сум на теренот единствен играч, на полето од животот и хуманитарните дела ме исполнуваат и тогаш не сум осамен. Сакам да се надоврзам на оваа награда и да ја посветам на оние кои секојдневно играат мечеви на теренот за хуманост, мојот тим на фондацијата на чело со мојата сопруга, нашите партнери, организацијата која страстно работи и на сите наставници и учители и родители.
Драго ми е што мојот тим го запознавте како тим од доверба и се радувам дека ќе ни се придружите на нашите проекти и ќе поддржите активно нашата работа.
ТОГАШ СИТЕ ЌЕ БИДЕМЕ ПОБЕДНИЦИ
ФАЛА ВИ МНОГУ – НОВАК ЃОКОВИЌ
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.