Забраната не важи за земјите членки на Европската унија и Шенген зоната, како и за државјаните на Австралија, Грузија, Канада, Јапонија, Нов Зеланд, Руанда, Јужна Кореја, Тајланд, Тунис, Уругвај и Обединетите Арапски Емирати.

Објавил: Стојче Бушин | 12 август, 2020 9:39

Продолжена забраната за влез во Грција за државјани на трети земји до 31 август!

Фото/Текст извор: ©МИА/Магазин.мк

Забраната за влез во Грција за државјани на трети земји е продолжена до 31 август 2020 година, согласно заедничката одлука на министрите за цивилна заштита, за здравство и за внатрешни работи, објавена во Службен весник на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Претходната, идентична одлука е во сила до 14 август, а новата претставува продолжување и стапува во сила во сабота.

Мерката предвидува „привремена забрана за влез во земјата на сите државјани на трети земји од која било влезна точка во земјата и на кој било начин или со кое било средство, вклучувајќи ги авионските, морските, железничките и копнените поврзувања од превентивни причини за заштита на јавното здравје од дополнително ширење на коронавирусот Ковид-19 на грчка територија“.

Забраната не важи за земјите членки на Европската унија и Шенген зоната, како и за државјаните на Австралија, Грузија, Канада, Јапонија, Нов Зеланд, Руанда, Јужна Кореја, Тајланд, Тунис, Уругвај и Обединетите Арапски Емирати.

Исто така, исклучок се и одредени категории граѓани, како што се медицинскиот персонал и здравствените работници, оние кои имаат дозвола за престој во земја членка на ЕУ или земја од Шенген зоната, членови на владини мисии, дипломати, превозници, возачи на камиони што пренесуваат стоки, транзит патници, студенти, лица кои се грижат за стари лица и лица со инвалидитет, како сезонски земјоделски работници.

Одуката е веќе објавена во Службен весник на Грција и важи за временскиот период од 15 август 2020 година до 31 август 2020 година.

На 15 август истекува и другата министерска одлука што се однесува на привременото ограничување на сите авионски, железнички и копнени поврзувања со Северна Македонија, Албанија и Турција

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Оваа мерка беше одложена за во последен момент, бидејќи имаше надеж дека авиоиндустријата ќе добие повеќе пари од државата, со цел да се зачуваат бројни работни места. 

ОВА Е ЕДЕН ОД НАЈЛОШИТЕ ДЕНОВИ ВО ИСТОРИЈАТА НА ЛЕТАЊЕТО: Авиокомпаниите принудени да доделат 32.000 откази!

Авионската индустрија беше целосно поразена, а нејзините работници сигурно немаа...

Трамп ги обвини медиумите дека не известуваат за неговите успеси во однос на помирување на конфликтните страни потсетувајќи на неговото посредување меѓу Србија и Косово, како и меѓу Израел и арапските земји.

Трамп: Лидерите на Србија и Косово се прегрнуваа во Белата куќа

На предизборниот митинг во сојузната држава Пенсилванија, американскиот претседател...

"Путин пред два дена доби покана од неговиот јужнокорејски колега. Тој потврди дека дефинитивно ќе ја прифати таа покана кога ќе се вакцинира", рече Песков.

ПЕСКОВ ПОТВРДИ: Путин ќе се вакцинира со новата вакцина против корона!

„Рускиот претседател Владимир Путин планира да се вакцинира со новата руска вакцина...

Тој посочи дека кинеските научници се занимаваат со откривање на прашањето дали вирусот настанал по природен пат а СЗО е повикано само да учествува во истражувањето.

Клуге: СЗО уште не знае дали коронавирусот настанал по природен пат!

СЗО се уште не располага со целосни податоци за потеклото на коронавирусот, нагласи ...