Бојан Јовановски и понатаму останува во притвор, откако вчера Кривичниот совет му ја продолжил мерката за уште 30 дена, неофицијално дознава „Фокус“.

Објавил: Катерина Крстиќ | 13 септември, 2019 10:35

Продолжен притворот на Боки 13

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Првоосомничениот за случајот Рекет, Бојан Јовановски доби нови 30 дена притвор.

Ваквата одлука беше донесена од страна на  Кривичниот совет кој вчера му ја продолжил мерката за уште 30 дена, неофицијално дознава „Фокус“.

Бојан Јовановски кој е првоосомничен за случајот Рекет кој ја дрма јавноста, веќе два месеци е во притвор во истражниот затвор „Скопје“, а последните 30 дена му истекуваат денес.

Боки 13 доцна вечер беше однесен пред судот, каде му беше одреден 30 дневен притвор, на кој му следеа и нови 30 за денеска повторно да му биде продолжен притворот…

Тој заедно со Зоран Милевски -Кичеец и со специјалната јавна обвинителка Катица Јанева се осомничени во истрагата за случајот „Рекет“.

Според првичната истрагата, наводно бизнисменот Орце Камчев на Боки 13 и на Кичеец им дал 1,5 милиони евра за да го спасат од кривичен прогон за случајот на СЈО, „Империја“, во кој Камчев ја има улогата на осомничен, а според обвинителството, и Јанева била дел од овој случај па поради тоа беше притворена и моментално се наоѓа во затворот во Шутка.

За потсетување Боки 13 беше уапсен на 15 ти јули на Граничниот премин Богородица. 

Бојан Јовановски сопственикот на 1ТВ која сега веќе не е во функција, беше уапсен на Граничниот премин по налог на Јавното обвинителство Скопје.

Јованоски беше уапсен поради сомневање за рекет, а полицијата го привела на граничниот премин. Истовремено со него беше приведен и бизнисменот Зоран Милески познат како Зоки Кичеец кој е второосомничен во случајот Рекет. Тој е близок со поранешениот директор на УБК, Сашо Мијалков, а беше уапсен во еден скопски ресторан.

Бојан Јовановски, во јавноста познат како Боки 13 во јуни 2017 година, пред отворањето на телевизијата го стартуваше проектот „Меѓународен сојуз“ за цивилно општество и социјално загрозени категории. Тогаш потенцираше дека финансиската добивка како претседател ќе ја донира секаде каде што е потребно. 1 ТВ почна да зрачи во етерот во март 2018 година.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Миле Јовановски и Виктор Стојчев се соседи. Јовановски е обвинет дека физички го нападнал Стојчев и тешко го повредил. Сведок на настанот бил и Боки 13, кој денес заради економичност на постапката не беше спроведен од затворот во Шутка каде што е во притвор како обвинет во „Рекет“. Но, тој ќе сведочи понатаму, пишува СДК.мк

НЕ СУМ СТАЛОНЕ ДА ГО ИСТЕПАМ ПОПОТ ЗА МИНУТА – вака дрско одговори таткото на Боки 13 по судењето за физички напад

Без воопшто да го извести судот, скопската обвинителката Имран Османи едноставно не...

Двајца возачи на патничко моторно возило, сопатник и еден пешак биле тешко повредени во четири од вкупно 30 сообраќајни незгоди што изминатиот викенд се случиле на подрачјето на СВР Скопје.

КАДЕ ЌЕ МУ ОДИ ДУШАТА: Со автомобил помина на црвено, удри пешак кај Соборна и избега

Сообраќајна несреќа се случила денеска на раскрсницата кај Соборен Храм. -Пред 5 мин....

Исто така една изборна единица е предлог од 12 пратеници меѓу кои има и вонпарламентарни а според нив ќе обезбеди плурализација, поголем избор за граѓаните и демократизација.

Изборите повторно без попис – Македонците повторно не избројани

Одлуката за предвремени парламентарни избори токму во април кога конечно требаше...