Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција го продолжи притворот за 30 дена .

Објавил: Катерина Крстиќ | 13 август, 2019 15:06

Продолжен притоворот на Боки 13 и Кичеец- ќе останат во Шутка уште 30 дена

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Продолжен притворот на првоосомничениот Бојан Јовановски познат во јавноста како Боки 13 и второосомничениот Зоран Милески- Кичеец  во случајот „Рекет“.

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција го продолжи притворот за 30 дена .

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд – Скопје соопшти дека постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за продолжување на мерката притвор за Б.Ј. и З.М. опфатени во предметот во медиумите познат како „Рекет“, по разгледување и ценење на фактите и доказите донесе решенија со кои го прифати предлогот и ја продолжи мерката притвор за нови 30 дена.

За потсетување Бојан Јовановски – Боки 13 и Зоран Милевски – Зоки Кичеец, Обвинителството ги товари за кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“, а првоосомничениот Јовановски и за „перење пари и други приноси од казниво дело“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Но исто така во ОХИС има жива, пестициди, ПВЦ во прав и други отровни супстанци кој мора да се остраната, еве што кажа за „Мета“ Аднан Ќахил, кој до неодамна беше министер без ресор во владата на Зоран Заев.

Темелковски смирува за случајот во ОХИС, а екс министерот за ресор открива: Во ОХИС има и други отровни материи кои мора да се отстранат!

Градоначалникот на општина Кисела Вода, Филип Темелковски вчера во емисија на телевизија...

Со 62 гласа „за“ и 12 против, пратениците од Собранието ја донесоа одлуката за новата функција на Рамчиловиќ.

Две куќи, кредит, пушка и пиштол – каков имот пријавил новиот потпретседател на Собранието, Рамчиловиќ

Пратениците вчера довербата му ја дадоа на Зекир Рамчиловиќ за попретседател на Собранието. Со...

Анѓушев истакна дека планира да се посвети на бизнисот и наведе дека крајот на својот мандат го гледа како вицепремиер на влада што креира политики.

Анѓушев: Се договорив со Владата само за еден мандат

Во вчерашното гостување во емисијата „Економски магазин“ на Алсат ТВ, Вицепремиерот...