Македонија
Вести
Пред Собранието на Република Македонија и вечерва се одржува протест на здруженија на граѓани против договорот меѓу Македонија и Грција за решавање на спорот за името.
Насобраните граѓани го блокираа булеварот „11 Октомври“ пред зградата на парламентот, пред која е поставен полициски кордон. Побараа да запрат активностите за промена на името и оценија дека договорот е штетен за државата.
Како што изјавија дел од учесниците на протестот, граѓаните треба да покажат дека тие одлучуваат за својата и иднинатата на државатат.
Дел од присутните пееја патриотски песни и го извикуваа името на претседателот на државата Ѓорге Иванов.
За време на синоќешниот протест беа приведеи десет лица поради нарушување на јавниот ред и мир.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести




Останати вести од Вести
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.