Невработеноста во еврозоната продолжи да расте во август, следејќи го трендот како и претходните месеци, покажуваат статистичките податоци на Европската Унија (ЕУ).
Според Евростат, стапката на невработеност во ЕУ се искачи на 7,4 отсто во август, додека во еврозоната се искачи на 8,1 процент.
Статистичките податоци покажуваат дека повеќе од три милиони невработени во ЕУ се млади луѓе на возраст под 25 години, а 2,46 милиони од нив се во еврозоната.
Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразени 34.958,183 лица. Од последици од Ковид-19 починале 1.034,991пациенти, а оздравеле 25.986,412 луѓе.
– Во последните 24 часа, 244 нови случаи на коронавирус се потврдени во Црна Гора, а две лица починаа, објави Институтот за јавно здравје. Од последниот пресек, тестирани се 838 примероци.
Во моментов има 3.957 активни случаи, пренесува Вијести. Вкупниот број на смртни случаи од почетокот на јуни е 167, а од почетокот на годината 174.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.