Локално не се исклучува можноста и за поинтензивни атмосферски процеси, застапени во форма на НЕВРЕМЕ!

Објавил: Стојче Бушин | 26 мај, 2020 9:37

Продолжува нестабилно време: Пороен дожд и грмежи во Македонија!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Во текот на денешниот ден нашата територија ќе биде зафатена од влажна и нестабилна воздушна маса која на повеќе места ќе услови нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот од северен правец.

Локално не се исклучува можноста и за поинтензивни атмосферски процеси, застапени во форма на НЕВРЕМЕ.

Ќе дува умерен, Долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Поради релативно ниските температури за овој дел од годината, но и поради северното воздушно струење, не се исклучува можноста за провејување на снег на највисоките планински места во државава.

Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 21 степен.

И во Скопскиот регион до крајот на денов се очекуваат повремени врнежи од дожд, има услови и за појава на грмежи а ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната дневна температура се очекува да се искачи до околу 18 степени. Во текот на следните денови ќе се задржи доста променливо време, во претпладневните часови со сончеви периоди, од пладневните часови со повремени локални врнежи од дожд.

На некои места ќе биде и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Температурите на воздухот во текот на следните денови ќе се искачуваат во интервалот претежно од 17 до 25 степени.

Подготви: Славчо Попоски

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од северозападен правец. Максималната дневна температура ќе се искачува во интервалот од 26 до 33 степени.

Временска прогноза: За викендот на повеќе места нестабилно со пороен дожд

Денеска времето во Македонија ќе биде сончево и топло со умерена облачност. Во попладневните...

Во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 31 степен.

Времето денеска: Услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи

Денес времето во Македонија ќе биде сончево со умерена локална облачност и со слаб...

Температурите на воздухот ќе бидат за пет до шест степени пониски во однос на оние кои ги имавме до вчера и ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 30 степени, во најтоплите предели истите има услови да се искачат до околу 33 степени.

Детална временска прогноза: Од денес пониски температури и северен ветер

Денес времето ќе биде сончево и малку посвежо за развика од изминатите денови со мала...