Оваа мерка има за цел да ја поддржи ликвидноста во стопанството и да ја стимулира инвестициската активност на компаниите, како и да сочува што повеќе работни места.

Објавил: Сара Фемина | 3 мај, 2021 9:16

Продолжува поддршката за стопанството – бескаматни кредити од 10 милиони евра, со можност за грант до 50%

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

СДСМ и институциите што ги предводи креира и реализира навремени и сеопфатни економски мерки за поддршка и помош на домашната економија и компаниите погодени со кризата предизвикана од пандемијата со коронавирусот.

Во рамките на петтиот пакет економски мерки е предвидена нова линија бескаматни кредити во износ од 615 милиони денари или 10 милиони евра, пари од Буџетот, кои ќе се пласираат преку Развојната банка.

Кредитите во висина од 3.000 до 30.000 евра се наменети за микро, мали и средни трговски друштва до 250 вработени од областа на туризмот, угостителството, ивент-индустријата, приватните здравствени установи, трговци поединци и занаетчии, кои имаат пад на приходите од најмалку 30% и капитал и резерви во своите биланси не помалку од 33% од износот на бараниот кредит.

Овие бескаматни кредити имаат грант компонента до 50%, односно до 15.000 евра, која се применува ако корисниците годинава ги зголемат приходите за најмалку 10% и ако го зголемат бројот на вработени за најмалку 5% во однос на 2020 година.

Оваа мерка има за цел да ја поддржи ликвидноста во стопанството и да ја стимулира инвестициската активност на компаниите, како и да сочува што повеќе работни места.

Продолжуваме со поддршката за домашната економија, остануваме посветени на реализација на мерките и политиките што носат економски раст и развој.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Активностите за отстранување ќе ги опфатат физичките или правните лица кои имаат добиено решение за отстранување на бесправно изграден објект и не постапиле во согласност со издадените решенија од страна на градежните инспектори при инспекторатот на Општина Охрид.

Владата ги поддржува активностите на Општина Охрид за отстранување на бесправните градби

Владата на Република Македонија ги поддржува активностите за отстранување на бесправните...

Како што налага ситуацијата, извесно е дека македонските граѓани ќе можат да патуваат само доколку се вакцинирани со Фајзер или АстраЗенека.

Македонците вакцинирани со Фајзер и АстраЗенека ќе можат да патуваат во ЕУ

Европската комисија денеска издаде препорака на странските државјани кои се целосно...

Вкупно 200.000 кинески вакцини денес треба да бидат дистрибуирани во Скопје, Куманово, Штип, Кавадарци, Тетово, Охрид и Битола по што со истите од утре започнува масовната имунизација на населението.

Од среда полициски час од 23 часот, кафеаните да работат до 22.30

Полицискиот час од среда да почнува од 23, а кафулињата да работат до 22.30 часот,  е...

Претходно ЦУК информира дека денеска околу 13:30 часот добил информација за шумски пожар над селото Галичник.

Силен ветер го оневозможува учеството на воениот хеликоптер во гаснење на пожарот кај Галичник

Хеликоптерот на Армијата кој се упати да учествува во гаснењето на шумскиот пожар...