-Во 2014та кога бевме побарани за кандидати ни беше поставено прашањето дали сме спремни да гласаме за промена на името. Тоа беше услов. Јас одговорив потврдно, рече Исмајлоска.

Објавил: Рејхан Бајрами | 9 ноември, 2019 13:13

ПРОДОЛЖУВА ПРИТИСОКОТ КОН ПРАТЕНИЦИТЕ: Исмајлоска и Рангелова со трагокомични изјави(ВИДЕО)

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

По гласањето, ја интензивирав комуникацијата со Нола, зошто сметав дека немавме искрен пристап кога гласаа за Преспанскиот договор. Во моментот се шпекулираше дека ќе гласам за договорот, но во моментот кога се зборуваше тоа, јас завршив со ова раководство, рече пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова во емисијата 360 степени на Алсат.

Услов да се биде на пратеничка листа на ВМРО-ДПМНЕ на изборите во 2014 година беше да се прифати да се гласа за промена на името – вели пратеничката Нола Исмајлоска-Старова во интервју за 360 Степени, која беше исклучена од партијата откако гласаше за Договорот од Преспа.

„Добар дел од пратениците кои застанаа до ѕидот беа пратеници и во 2014 година. Прашањето кое ни беше поставено во 2014 година, беше дали сум спремна да гласам за промена на името, а јас прифатив да гласам за промена на името. Ми се јавија од раководството на партијата, разговарав со најмалку 10 пратеници и би било доблесно да признаат дека ги прашале“, рече Исмајлоска-Старова и додава дека не го кажала ова зошто немала шанса.

Таа вели дека е доблесно да кажат кои се тие кои прифатиле да бидат пратеници и да го сменат името.

Рангелова изјави дека неа не ја прашале истото.

„Ми се јави Груевски ме праша дали сакам да бидам пратеник, не ме праша дали сум подготвена да гласам за промена на името. Најверојатно сметалдека бидејќи сум дел од раководството, сум подготвена да гласам за се, мене не ми направија проверка“, рече Рангелова.

„Јас сум линчувана по секој настап мој од партиски ботови, од раководството немаат храброст да ми кажат во лице, ништо“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика

„Сега во моментов се замрзнува прогресивниот данок, па повторно нешто ќе анализираме неколку години па ќе видиме што е најдобро решение.

ДЕТЕКТОР: Власта не се откажува од прогресивниот данок и покрај одлуката за негово замрзнување

Економскиот советник на премиерот Заев, Фатмир Битиќи за Детектор открива дека во...

1200 евра месечен хонорар за амбасадорот Виктор Габер, по 1000 евра месечно за Проф. Људмил Спасов и за Доц.д-р Ана Чупеска!

СКАНДАЛ: Советникот на Димитров зема плата колку претседателот Пендаровски!

Кој како си ја наредил, толку пари ќе си лапне. Магазин дојде до документи кои укажуваат...

Ќе побарам поддршка од сите 120 колеги пратеници да се приклучат кон ова законско решение и заедно во најбрз можен рок истото да биде изгласано и применето во позитивните законски прописи во државата.

КИРАЦОВСКИ: Звучам иронично, но после се што се случуваше во Македонија ПРАВДА МОРА ДА ИМА!

Политиката е специфична и комплицирана дејност и наука. Понекогаш во истата, постојат...