Ново рочиште за настаните во Собранието од минатата година, во својство на сведоци денес поранешниот собраниски спикер, Трајко Вељаноски но и пратеникот Зијадин Села

Објавил: Мирко Бачиќ | 10 декември, 2018 8:58

Продолжува судењето за настаните во Собранието, ќе сведочат Вељаноски и Села

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Судењето за случувањата во Собранието минатата година продолжува денеска со сослушување сведоци предложени од одбраната.

Одбраната на Митко Чавков предложи двајца сведоци, на Душко Лазаров тројца и Горан Ѓошевски двајца сведоци, меѓу кои Трајко Вељаноски.

Дополнителни сведоци предложи и одбраната на обвинетите Богдан Илиевски, пет сведоци, Борис Дамовски и Јане Ченто по еден и Абдулфета Алими, кој го предлага пратеникот Зијадин Села.

На претходното рочиште своја одбрана даваше обвинетиот Александар Василевски Нинџа, а на негов предлог беа сослушани и сведоците Дејан Димкоски Боксер, Веле Петрушевски и Благоја Василевски.

Во судот сослушан беше и поранешниот директор на УБК Владимир Атанасовски, кој беше спроведен од притвор.

Судскиот процес го води судијката Добрила Кацарска, а застапници на обвинението се Вилма Русковска и Ивана Трајчевска.

За случувањата во Собранието на 27 април 2017 година обвинети се вкупно 33 лица, од кои 31 лице за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата и двајца за поттикнување. Претходно поради влошена здравствена состојба на обвинетиот Сашко Марковски постапката за него беше одвоена и треба да продолжи по еден месец.

Меѓу обвинетите се повеќе пратеници, вработени во МВР и собраниското обезбедување, уметници. Тие пред Судот кажаа дека го разбираат обвинението, но не се чувствуваат за виновни.

На обвинителната клупа се Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски, Митко Чавков, Митко Пешовски, Душко Лазаров, Горан Јошевски Леви, Оливер Поповски, Оливер Радулов, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Елена Доцевска Божиновска, Иван Цветановски, Борис Дамовски, Богдан Илиевски Бетмен, Владо Јовановски, Игор Дурловски, Стефан Младеновски, Михаил Младеновски, Захарие Симовски, Младен Додевски, Јане Ченто, Горанче Ангеловски, Игор Југ, Илија Славески, Влатко Трајков, Вилијам Михајловски, Никола Митревски-Кољо, Александар Василевски Нинџа и Митре Питроповски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Опозицискиот лидер вели дека и покрај притисоците, неговата партија нема да дозволи промена на Уставот за во него да бидат внесени етничките Бугари.

Мицкоски: Ако некој од ВМРО-ДПМНЕ гласа за уставните измени ќе се повлечам од политиката

Ќе ја напуштам политиката ако било кој од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ гласа за промена...

Граѓаните реагираат дека секое пазарување се соочуваат со ново ценовно изненадување. Тоа го покажа и статистиката инфлацијата скокна за 16 отсто на годишно ниво

Македoнскиот леб е меѓу најскапите во регионот, цените и понатаму растат

Цената на лебот продолжува да расте. Одредени видови на леб деновиве се со повисоки...