понеделник, 10 август 2020

MK/ EN/ DE



Во случајот „Рекет“ првообвинет е Бојан Јовановски- Боки 13 за кривично дело „Примање награда за противзаконито влијание“ и за „Перење пари и други приноси од казниво дело“.

Објавил: Катерина Крстиќ | 6 декември, 2019 9:11

Продолжува судењето за „Рекет“- денеска сведоци Орце и Ана Камчеви

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денеска продолжува закажаниот судскиот процес за случајот „Рекет“. Како што најави судот, на денешното судење се очекува да сведочат Орце и Ана Камчеви по предлог на обвинителката за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Рускоска.

Во случајот „Рекет“ првообвинет е Бојан Јовановски- Боки 13 за кривично дело „Примање награда за противзаконито влијание“ и за „Перење пари и други приноси од казниво дело“.

Судењето за случајот Рекет во вторникот започна со доцнење од околу еден час. На судењето Боки 13 се појави во судницата со здравствени проблеми и изјави дека не е во можност да го следи судењето. по што имаше половина час пауза и во судницата беше повикана лекарска пмош. Пред судот Боки и Катица Јанева се изјаснија како невини, Боки истакна дека ќе каже кој се крие зад целиот случај а Зоран Милески Кичеец доби казна затвор од три години.

Во случајот како третообвинета е поранешната шефица на СЈО, Катица Јанева за „Злоупотреба на службената положба и овластување“.

Во вторникот на првото рочиште второобвинетиот Зоки Милевски- Кицеец по признавање на вина за делото „Примање награда за противзаконито влијание“ доби пресуда на затворска казна од три години.

По одлуката се огласи и обвинителката  Вилма Русковска која рече дека е задоволна со изречената казна за Кичеец.

„Мислам дека изречената санкција е добра. Дали ќе вложам жалба за висината, ќе решам откако ќе ја примам пресудата. Искрено не очекував повика казна затоа што, сепак, е голем распонот на предвидената казна од една до 10 години, досега е неосудуван и најмногу затоа што призна вина пред почеток на главната расправа“, рече Русковска во изјава за медиумите пред Кривичниот суд во Скопје.Русковска истакна дека се уште не одлучила дали ќе вложи жалба за висината на санкцијата и за тоа ќе одлучи кога ќе ја добие.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Тој што ќе донесе одлука децата да се вратат во училишните клупи треба да биде сигурен дека нашите образовни институции имаат капацитети и ресурси

Героски: Не експериментирајте со здравјето на нашите деца, нема да ви биде простено!

Сигурен сум дека нема родител на дете на училишна возраст којшто не сака неговото најмило...

Организатор на маратонот е пливачки Клуб ВАРДАР 2018, а воедно ова е првиот Крушевски Маратон “Тоше Проески” и натпревар организиран во Крушево.

Во недела во Крушево ќе се одржи првиот пливачки маратон „Тоше Проески“

На 9-ти август во 11 часот на Крушевско Езеро за прв пат ќе се одржи маратон во пливање....

ОНА командантот имаше приложено психијатриска потврда до надлежните од инвалидската служба во Луцерн, која потврдуваше работна неспособност, поради боледување од параноидна шизофренија. Истата е потврдена и од Швајцарскиот суд.

Ахмети во Швајцарија примал инвалидска пензија за параноидна шизофренија?

Имено се до моментот кога отпатува на македонскиот фронт 2000-та година, иако се смета...