На денешното рочиште против Јанкулоска ќе бидат распитани уште шест од 12 сведоци на СЈО, иако сите изјавиле дека не ја познавале Јанкулоска и немале контакт со неа

Објавил: Мирко Бачиќ | 4 септември, 2018 9:06

Продолжува судењето за „Тенк“

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во Кривичниот суд денеска продолжува судењето на поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска во раздвоената постапка за случајот „Тенк“ на Специјалното јавно обвинителство.

На денешното рочиште треба да бидат сослушани шест сведоци предложени од Обвинителството, утре да бидат изведувани писмени докази, а на 10 септември да се започне со сослушување на сведоците предложени од одбраната.

На претходното рочиште беа сослушани вкупно седум сведоци предложени од Обвинителството, кои на некој начин биле вклучени во јавната набавка на блиндираното возило „мерцедес гард“ во вредност од 600 илјади евра во 2012 година.

Сведоците одговараа на директни и вкрстени прашања од јавниот обвинител Стефчо Донев, адвокатката Сања Алексиќ и обвинетата Гордана Јанкулоска.

Во исказите тие го објаснија спроведувањето на јавната набавка на блиндирано моторно возило, која била дел од годишниот план за работа, потоа тендерската документација и нејзиното составување, критериумите и евалуацијата на понудите, како и самото примопредавање на возилото.

Шестмина од сведоците во 2012 година биле вработени во МВР, додека еден бил вработен во Мак Ауто Стар. Сведоците во своите искази кажаа дека, не ја познаваат лично обвинетата и немале никаков контакт со неа додека таа била на функцијата министер за внатрешни работи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Од еколошкото здружение Натура лаб од Лабуништа, се закануваат со блокади и бојкот на наставата во локалното основно училиште, ако владата не си го одржи ветеното.

Жителите на Лабуништа се жалат дека власта ги излажала

Каменоломите во струшко Лабуништа, две години откако беа затворени од државата, сега...

Поглаварот на ИВЗ, Шаќир Фетаху ќе разговара со сите муфтивства во земјава, а самиот секој петок ќе оди во џамиите и ќе ги повикува граѓаните да внимаваат со непотребното трошење струја. Ова му го вети првиот човек на ИВЗ Фетаху на министерот за економија Крешник Бектеши

Бектеши бара помош од верските заедници – ИВЗ: Секој петок во џамија ќе се зборува за штедење струја

Исламската верска заедница ќе бара од верниците да штедат струја во текот на зимата. Поглаварот...

Тој најави дека ќе разговара и со Македонската православна црква за поддршка во активностите за справување со енергетската криза. Целта е да се намали потрошувачката и да се ослободат повеќе количества на струја за индустријата.

Бектеши бара поддршка од ИВЗ и МПЦ за штедење струја

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска побара поддршка од поглаварот на...