Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 19 степени.

Објавил: Мирко Бачиќ | 17 февруари, 2020 7:30

ПРОЛЕТНИ ТЕМПЕРАТУРИ: Сонце, уживање и високи температури

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

До крајот на денов времето во државава ќе биде сончево и релативно топло за овој дел од годината, ќе има и мала локална облачност.

Ќе дува слаб ветер од јужен правец, максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 17 степени. Претежно сончево време ќе имаме и утре, ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец кој на некои места ќе засилува на интензитет.

Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 19 степени.

Во среда во текот на денот облачноста ќе се зголемува и особено во вечерните и ноќните часови кон четврток ќе има повремен локален дожд и снег на планините, особено во западните предели.
Во четврток пак нашата територија ќе биде зафатена од влажен и постуден воздушен бран од север.

Времето ќе биде облачно со врнежи од дожд на ниските и од снег на повисоките места и на планините каде ќе дојде до формирање на нова и зголемување на веќе постоечката снежна покривка.

Снежната граница има услови да се спушти и на помала надморска височина, особено во западните и во северните предели од државава. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.
Максималните дневни температури на воздухот во четврток ќе се искачуваат во интервалот само од 2 до 10 степени. Потоа од петок следува нова стабилизација на времето и постепен пораст на температурите на воздухот.

Подготви: Славчо Попоски

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

За време на овој викенд, времето во државава ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд, на планините врнежите ќе бидат од снег.

ВИКЕНД МЕТЕО: Врнежи од дожд, од понеделник промена на времето!

За време на овој викенд, времето во државава ќе биде претежно облачно со повремени...

Веќе од понеделник ќе имаме многу повеќе сонце а максималните дневни температури ќе бележат тенденција на понатамошен пораст.

ДОАЃААТ ТОПЛИ ДЕНОВИ: Временска прогноза за земјава!

Во текот на денешниот ден ќе имаме сончево време со умерена локална облачност. Во попладневните...

Во Скопје и околината времето ќе биде облачно со врнежи кој ќе бидат претежно од снег, иако повремено има услови и за врнежи од дожд и снег

СНЕГ И ДОЖД ВО ЗЕМЈАВА: Детална временска прогноза!

Нашата територија до крајот на денов ќе се наоѓа под влијание на циклонска активност....