До крајот на денот во државава ќе имаме сончево време со мала до умерена локална облачност.

Објавил: Стојче Бушин | 6 април, 2020 9:12

ПРОЛЕТ И СОНЦЕ: Доаѓаат пролетни температури во земјава!

Фото/Текст извор: ©Magazin

До крајот на денот во државава ќе имаме сончево време со мала до умерена локална облачност.

Повеќе облаци ќе се задржат на југот од државава.

Ќе дува умерен ветер од северен и од североисточен правец, повремено ветерот ќе засилува. Максималната дневна температура ќе се искачува во интервалот од 9 до 17 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува умерен ветер од северен и од североисточен правец. Максималната дневна температура ќе се искачи до околу 15 степени.

Во следните денови ќе имаме сончево време со мала локална облачност.

Преку денот ќе биде релативно топло со максимални температури кој во следните денови ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 23 степени, особено кон викендот.

Минималните температури и понатаму понекаде ќе се спуштаат под нулата, односно истите ќе се спуштаат во интервалот од -4 до 5 степени. Ќе дува и слаб до умерен ветер од североисточен правец, повремено ветерот на некој места ќе засилува.

Подготви: Славчо Попоски

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Алили најави дека родителите кои веќе ги запишале своите деца немале можност да контактираат со заразеното лице затоа што просторот за прием на ученици од основно училиште е посебен.

Прекинат уписот на првачиња во училиште во Тетово, наставник заболел од коронавирус

Во основното училиште „Истикбал“ во Тетово е прекинат процесот на запишување на учениците...

Бутел е една од општините каде бројот на заболени е висок,  но според митрополитот Петар, таа бројка која деновиве се презентира пред јавноста е од ифтарските вечери кои се одржувале во затворени простории.

Поповите против карантин за Задушница: Заболените се од ифтарите кои се одржуваа на затворено!

Во изјава за А1 Он митрополитот пелагониско-преспански Петар, кој е против да има карантин...

Скопскиот и тетовскиот во моментов се најзафатени региони со Ковид-19, односно региони во кои се регистрира широко-распространета трансмисија во заедницата.

Чаир жариште на коронавирус, речиси 100 заболени- ова се бројките на заболени во другите скопски општини!

Коронавирусот не стивнува во Македонија, а Скопје и Тетово се градовите со најголем...