Премиерот Заев вчера изрази надеж дека ќе биде постигнат консензус за промена на Изборниот модел со една изборна единица, повторувајќи дека со тоа губат големите партии, ќе загуби и СДСМ, но ќе се отстрани можноста за какво било авторитарно однесување во иднина. Одговарајќи на новинарско прашање по промоцијата на „Граматиката на современиот ромски јазик“, тој нагласи дека е добро во државата вакви важни прашања, како промена на Изборен модел, да се носат со консензус.

Објавил: Весна Петровска | 8 ноември, 2019 13:42

Промена на изборниот модел во една изборна единица со или без консензус

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Премиерот Зоран Заев опстојува на идејата за промена на изборниот модел од постојните шест во една изборна единица, што беше и едно од изборните ветувањаа на СДСМ. Иницијативата за промена на изборниот модел, која тој ја поддржа, а која деновиве ја туркаат 15 пратеници од помалите парламентарни партии, на шест месеци од предвремените парламентарни избори закажани за 12 април, сепак нема поддршка од партнерот во владината коалиција ДУИ, ниту од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Премиерот Заев вчера изрази надеж дека ќе биде постигнат консензус за промена на Изборниот модел со една изборна единица, повторувајќи дека со тоа губат големите партии, ќе загуби и СДСМ, но ќе се отстрани можноста за какво било авторитарно однесување во иднина. Одговарајќи на новинарско прашање по промоцијата на „Граматиката на современиот ромски јазик“, тој нагласи дека е добро во државата вакви важни прашања, како промена на Изборен модел, да се носат со консензус.

-Ние, пак, не можеме поинаку, ние им ветивме на граѓаните уште во кампањата во 2016 година дека сме за една изборна единица. Тоа е дел од нашата изборна програма, а и ние веруваме во тоа, рече Заев додавајќи дека тоа освен што ќе биде придобивка за помалите партии, ќе биде придобивка и за сите граѓани.

-Ако дојде до гласање во Парламентот јас се надевам, дека тоа ќе биде консензуално, но ако не е консензуално на кој било друг начин социјалдеморкатите ќе гласаат за оваа измена. ДИК е подготвена, институциите се подготвени, постапката е едноставна, рече Заев.

Тој нагласи оти смета дека постои поддршка за овие измени. – Мислам дека имам поддршка, јас не сум иницијатор вака кога кажувам. Најголемата политичка партија од помалубројните етнички заедници е ДУИ, мислам дека има вкупно 23 Албанци во Парламентот, а ДУИ има 10 пратеници, каде се другите помалубројни заедници. Дали се согласуваат ќе видиме на гласањето, да направиме чекор, а ако не успееме, што се надевам дека нема да се случи, ќе се направи притисок за тоа за следните избори, рече Заев, кој верува и дека овие измени ќе ги привлече оние граѓаните, кои не се заинтересирани за избори да го тестираат новиот изборен модел.

Пратеникот Артан Груби од ДУИ, пак, претходно неделава изјави дека политичките партии усогласиле измени на Изборниот законик, во кои не се предвидува промена на изборниот модел. Тој тркалезната маса што се одржа во вторникот во Собранието на иницијатива на 15 пратеници од помалите парламентарни партии ја оцени како неформална средба на ентузијасти, и подвлече дека е апсурдно да се дискутира за промена на изборен модел на пет месеци пред предвремени избори.

-Ние остануваме на формалниот состав кој што дискутира промени на изборниот законик и тоа е во рамките на Министерството за правда. Неделава имавме сите средба, и политички партии, невладините организации и меѓународни организации и веќе сме усогласиле текст на предлог-закон кој што во себе ги инкорпорирта сите препораки на ОБСЕ/ОДИХР од последните три изборни циклуси претседателски, локални избори и референдум и во тој предлог не се дискутира околу изборен модел, изјави Груби.

Коментирајќи ја вчерашната изјава на премиерот Заев дека СДСМ не се откажуваат од идејата за нов изборен модел, па дури и за претстојните предвремени избори и оти би ја поддржале евентуалната иницијатива за тоа и без консензус, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев, оцени дека дури и да се донесе измена, би било неодговорно таа да се имплементира на претстојните предвремени избори. Не ја затвараат вратата за промена на изборниот модел, но, рече, остануваат на ставот за 120 изборни единици, и оти кој модел и да се договори што ќе биде применлив после изборите на 12 април „треба да биде апсолутно и никако на друг начин освен со консензус на големите партии“.

-Нашиот предлог е мнозински модел со 120 изборни единици и секако дури и сега да се донесе имплементација после изборите на 12 април, бидејќи е многу неодговорно да се влезе во измена на изборниот модел на неколку месеци пред избори. Тоа ќе отвори проблеми како во самата постапка за спроведување на изборите така за политичките партии или за граѓаните во однос на запознавањето со истиот како тој ќе функционира и сите останати работи кои што доаѓаат со промена на изборниот модел. Значи не ја затвораме вратата за промена на изборниот модел, нашиот предлог е тој кој што го кажав, мнозински со 120 изборни единици, бидејќи на тој начин ќе се покаже најголема транспарентност, најголема отвореност, ќе им се даде на граѓаните едноставно буквално за личноста да гласаат, меѓутоа ќе можат на најдобар начин да дадат отчетност од пратениците на тој начин.

Петнаесет пратеници кои доаѓаат од помалите партии како и независни пратенции кои застанаа зад иницијативата за промена на изборниот модел со една изборна единица наместо сегашните шест, најавија дека во најскоро време ќе поднесат закон за измени на Изборното законодавство во кој ќе се имплементира нивното барање. Од Иницијативата предлагаат и отворени листи што би се вовеле од следните локални избори, како и еднаква родова застапеност, односно по 50 проценти мажи и жени.

За промена на Изборниот законик потребно е апсолутно мнозинство од 61 пратеник и „Бадентерово мнозинство“, односно мнозинство од припадниците на заедниците.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Вице Заев, братот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во допис до медиумите вели дека бил принуден да се обрати на јавноста по, како што наведува, многубројните лажни вести за него и неговото семејство

Вицето: смешно е мене да ме поврзувате со рекет, јас сум честит човек!

Вице Заев, братот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во допис до медиумите вели дека...

Тој во допис за медиумите вели дека бил принуден да се обрати до јавноста по лажните вести кои акко што вели доаѓаат од ВМРО-ДПМНЕ а се контролирани од Никола Груевски. 

Сакаат да ни наштетат, ниту јас, ниту брат ми не сме вмешани во “Рекет”- по два дена молчење се огласи Вице Заев

Откако во медиумите пред два дена одекна веста дека Вице Заев и поранешниот премиер...

Туку тој станува државен рекет каде што премиерот и неговиот брат се вмешани. Два дена имаме целосен молк од Зоран Заев и Вице Заев за фактот дека остварувале средби и се координирале со главните учесници во рекетот Катица Јанева и веќе осудениот за „Рекет“, Зоран Милевски Кичеец. Два дена имаме целосен молк од  Зоран Заев и Вице Заев.

“Два дена молк од Зоран Заев и Вице Заев- бегаат од одговорите што разговарале со осомничените во случајот „Рекет“

Прес конференцијата денеска е продолжение на вондредната прес конференција пред два...

Таа сведочеше за убиството на четирите момчиња и рибарот на Смилковскоро езеро и рече дека дел од информациите кои пристигнале до неа биле издржани, но дел и веднаш отфрлани.

Јанкуловска сведочи за „Монструм“: Крвна одмазда, имотен спор, лична пресметка биле причина за убиството?

Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска денеска сведочеше...