Грчкиот премиер Ципрас со реформи во партијата до Владин кабинет кој ќе издржи до референдумот за промена на името во Македонија

Објавил: Мирко Бачиќ | 27 август, 2018 14:44

Промени во СИРИЗА за да се отвори патот за реконструкција на грчката Влада

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

На состанок на Централниот комитет на СИРИЗА во попладневните часови се очекува грчкиот премиер Алексис Ципрас да предложи нов секретар на партијата.

Овој потег на Ципрас во Грција се коментира како еден чекор кон реконструкцијата на Владата која според грчките медиуми се очекува да се случи во текот на следните денови.

За позицијата секретар на СИРИЗА на местото на Панајотис Ригас медиумите во Грција ги споменуваат актуелните министри Панос Скурлетис и Никос Папас но и портпаролот на грчката Влада и министер без ресор Димитрис Ѕанакопулос.

Името кое преовладува во медиумите е она на министерот за внатрешни работи Скурлетис како најсериозен кандидат за секретар на партијата. Темата на денешниот состанок на Централниот комитет на владејачката партија е “СИРИЗА во новата ера по меморандумите” а почетокот ќе го означи Алексис Ципрас со говор пред членовите.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.