Македонија
Вести
Пронајдени хероин и марихуана во Кичево, приведени две лица!
Полицијата при проверка на автомобил „сааб“ со кичевски регистарски ознаки вчера пронашла прашкаста материја, марихуана и пиштол, а потоа при претрес во домот на возачот на автомобилот во Кичево, биле пронајдени околу 1,7 килограми марихуана и околу 160 грама хероин, како и дигитана вага, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Вчера во 21:45 часот на улица „29 ноември“ во Кичево полициски службеници од СВР Охрид -OВР Кичево запреле возило „сааб“ со кичевски регистерски ознаки, управувано од Ф. М. (40), а сопатник бил П. Ј. и при преглед кај нив е пронајдена прашкаста материја, марихуана во повеќе полиетиленски пакувања, пиштол марка „Зораки“ и еден куршум, информираат од МВР.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести




Останати вести од Вести
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.