Македонија
Трагедија
Пронајдено машко тело во Вардар – се сомнева дека е на 22-годишниот кумановец!
Тело е пронајдено во водите на реката Вардар, во просторот паралелно со касарната „Еребина“ во Желино.
Полициски извори за ТВ21 велат дека најверојатно станува збор за трупот на 22-годишното момче од Куманово кое пред неколку дена излета со возило во водата, но се уште не можат официјално да потврдат без целосна идентификација.
„Пронајденото тело е машко. Се очекува по наредба на обвинител телото да биде извадено од вода и по идентификација заедно со членовите на семејството Обвинителот да одлучи дали ќе се изврши обдукција или не“, изјави за ТВ21 портпаролот на СВР-Тетово Фатмир Реџепи.
Дваесет и двегодишен кумановец пред 5 дена паднал со автомобил „голф 4“ во реката Вардар, во тетовско Желино.
Потоа продолжија претресите во кои покрај надлежните органи беа вклучени и членови на семејствата и жители на околината.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести




Останати вести од Трагедија
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.