Бебето било оставено во паркот до булеварот Македонско Косовска Бригада. До него била и папочната врвка, за среќа случаен минувач го слушнал плачот на детето и веднаш пријавил кај надлежните.

Објавил: Весна Петровска | 15 мај, 2019 17:54

Пронајдено новороденче во парк во Скопје – мајката го оставила без облека, до него била и папочната врвка

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Голо бебе старо само еден ден оставено во парк во скопската населба Топанско поле.

Бебето било оставено во паркот до булеварот Македонско Косовска Бригада. До него била и папочната врвка, за среќа случаен минувач го слушнал плачот на детето и веднаш пријавил кај надлежните.

Бебето со возило на Брзата помош било веднаш сместено во Клиниката за детски болести каде веднаш го нахраниле и го стоплиле.

– Се работи за машко новородено, со родилна тежина 2.400 гр, згрижено е на одделот за неонатологија, неговата здравствена состојба е добра, превземени се сите неопходни мерки за вакви случаеви, соопштија од Клиниката за детски болести.

Исто така од Клиниката соопштија дека заедно со полицијата работат на откривање на идентитеот на неговата мајка и  ги откриваат причините зошто бебето е оставено во парк на милост и немилост.

Исто така од Клиниката за детската болница соопштија дека бебето ќе биде сместено во семејство кое ќе се грижи за него.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Инциденти

Толпата од повеќе илјади демонстранти потоа се упати кон Македонското собрание. Протестот во првите дваесетина минути до половина час, се одвиваше мирно, при што на насобраните, меѓу другите им се обратија и пејачката Ребека, како и актерката Весна Петрушевска.

Насилства пред Собранието: Повредени 47 полицајци, приведени 11 демонстранти на протестот

Собирот од мирен, за кусо време се претвори во четириесетминутна канонада од камења,...

После чекање од 45 минити, полицијата се појави на местото на настанот но него обрзбеди местото на несреќата, туку местото го обезбедија лица што се најдоа на местото!

Тешка несреќа кај Охрид: Полицијата дојде со закаснување од 45 минути

Тешка несреќа на магистралата Охрид Кичево! Денеска после 11 часот на магистралата...

Непознати сторители го оштетиле возилото и со цигли ги искршиле стаклата. Покрај тоа, бил провален автобусот и биле украдени личните работи на патниците и на возачите кои биле оставени во возилото.

НЕВИДЕН СРАМ: Во Скопје каменуван и ограбен српски автобус со руски туристи

Туристички автобус на српски автопревозник, кој превезувал руски туристи, бил каменуван...

Од месната заедница Галичник соопштија дека пожарот избувнал над хотелот „Неда“, а за состојбата известени се надлежните органи.

Голем пожар беснее над Галичник, испратен е хеликоптер за гаснење на огнот

Голем пожар избувна попладнево над Галичник. Според информациите, зафатена е борова...