Се верува дека голем број патници се заробени во остатоците, а нуркачите не успеаа да дојдат до нив, поради високото ниво на водата и силните струи.

Објавил: admin@magazin | 4 јуни, 2019 7:25

Пронајдено тело во Дунав, пет дена по судирот на бродовите – водата го однела 100 км!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Јужнокорејски и унгарски нуркачи се подготвуваа вчера да ги извлечат телата од остатоците на туристичкиот брод Сирена, кој потона во средата вечер, заедно со 33 корејски туристи и двајца унгарски членови на екипажот.

Ова е најголемата унгарска речна несреќа во последниот половина век. Бродот Сирена во средата се преврте, откако од позади беше удрен од голем крузер во близина на мост во центарот на Будимпешта.

Телата на Јужнокорејците се извлечени уште истата вечер кога се случила несреќата, а додека пак седум преживеани патници вечерта беа спасени.
Не се пронајдени деветнаесет преостанати корејски патници и двајца членови на екипажот, а се смета дека се мртви.

„Едно тело, што личи на корејско, е пронајдено на 100 километри одовде“, рече военото аташе на јужнокорејската амбасада Шун-Кеун Сонг за новинарите.

Портпаролот на унгарската полиција Кристоф Гал изјави дека властите се уште се обидуваат да го утврдат идентитетот на лицето и не можат да потврдат дека е турист од Сирена.

Голем број патници се заробени во остатоците, а нуркачите не успеаа да дојдат до нив, поради високото ниво на водата и силните струи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Трагедија

Автобусот скршнал од патот и паднал во близина на железничка пруга во округот Местре, кој со мост е поврзан со Венеција. Причината за несреќата е сè уште непозната, пренесува Ројтерс.

Најмалку 20 луѓе настрадаа по пад на автобус од надвозник во близина на Венеција

Најмалку 20 луѓе загинаа синоќа откако автобус кој превезувал туристи слетал од надвозник...