
Свет
Анализа
Жител на Алабама, кој присуствувал на протестите во Вашингтон, паркирал камион полн со оружје во средата, поточно 11 домашни бомби, пушка и пиштол, и тоа на оддалеченост од две улици од зградата на американскиот Капитол.
Камионот бил паркиран неколку часа пред властите тоа да го забележат, откриваат американските федерални обвинители, пишува Во Центар!
Деталите за оружјето во камионот се содржани во сојузните документи со кои се товари Лони Лерој Кофман од Фалкевил, Алабама, за федерални прекршоци.
Одредот за бомби откри арсенал оружје за време на обезбедувањето на комплексот откако беше окупиран од про-Трамп-бунтовници, а беа пронајдени и други бомби на различни дестинации во Вашингтон.
Истрагата откри дека уште еден демонстрант, наводно, се појавил во главниот град на државата со пушка и стотици куршуми муниција и им рекол на своите познаници дека сака да пука или да ја прегази спикерката на преставничкиот дом, Ненси Пелоси, соопштија од обвинителството.
Ова се дел од наодите кои се објавени од федералните обвинители оваа недела.
Од друга страна, некои луѓе се обвинети за внесување оружје и муниција во Капитол, а се очекува да има повеќе обвинувања со напредувањето на истрагата, пишуваат американските медиуми.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.