Екс премиерот Никола Груевски заедно со неговиот братучед, Сашо Мијалков фотографирани во детските денови!
Биографијата на екс премиерот на Република Македонија, Никола Груевски, може да се најде на официјалната интернет страница на ВМРО ДПМНЕ, а Никола Груевски на невообичаен начин го опишува своето семејство и потекло.
Никола Груевски е роден во Скопје. Татко му Тало потекнува од леринското село Крушоради, во Егејска Македонија, денешна Република Грција.
Во времето на Југославија, неговите родители биле на привремена работа во Либија. Неговата мајка била испратена како медицински персонал, а во тоа време Груевски имал 4-7 години, што значи три години од неговото рано детство ги поминал во Либија.
Неговиот татко е доктор на науките во белградскиот Универзитет и пред тоабеше долгогодишен професор на Шумарскиот факултет на скопскиот Универзитет.
Мајка му Надежда е од Штип, сестра е на првиот министер за внатрешни работи на независна Република Македонија – Јордан Мијалков“-пишува во биографијата на Груевски.
На Груевски секогаш му била важна улогата на неговиот вујко во неговиот живот и кариера.
Јордан Мијалков многу и помогнал на неговата сестра Надежда, откако таа се развела со таткото на Никола, кога тој бил уште многу мал!
На последните парламентарни избори, Никола Груевски застана во одбрана на неговиот вујко Јордан Мијалков и на еден митинг рече:
,,Така, слушаме од страна на извесен Слободан Богоевски поранешен разузнавач, и осуден човек за криминал, со излежана казна затвор во Идризово, разни квалификации за првиот министер за внатрешни работи на независна Македонија, Јордан Мијалков, лични навреди за него и неговото семејство и слично. Човекот ми е вујко и тоа е единствената негова маана во моментов и причина зошто беше споменат. Човекот е починат пред 25 години, пред точно 25 години. Значи, замислете, тие се занимаваат со човек кој починал пред 25 години и не може да им врати, не може да им одговори.
Сопругата на експремиер Никола Груевски Боркица и мајка му Надежда не се со него во Унгарија, тие се во Скопје заедно со неговите две ќерки.
Последен пат, експремиерот Никола Груевски со својата мајка Надежда во јавноста се појави кога го бранеше докторатот. Тогаш со него не беше неговата сопруга Боркица, но тука беа неговите две ќерки.
Во периодот 1995-1998 година работи како директор на одделот за „безбедност, планови и анализи“ во Балканска банка во Скопје.
Потоа продолжува како управник од Република Македонија во Светската банка и во Европската банка за обнова и развој. Бил претседател и основач на брокерската асоцијација на РМ (1998) и ја направил првата трансакција на македонската берза. Магистрирал на Економскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје на 12 декември 2006.
Груевски бил во брак со Сузана Арбутина, од која нема деца. По разводот со првата сопруга, во мај 2007 година се оженил со Боркица Груевска (моминско презиме Манчева), со која имаат две деца.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.