Како што информира ДЗС, просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во ноември 2021 година, изнесувала 43 509 денари.

Објавил: Мирко Бачиќ | 22 јануари, 2022 12:19

Просечната нето плата во ноември 29 130 денари

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во ноември 2021 година, изнесувала 29 130 денари, а во однос на ноември 2020 година, е зголемена за 5,6 отсто, објави денеска Државниот завод за статистика.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Стручни, научни и технички дејности (14,4  проценти), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (11,5 проценти) и Информации и комуникации (11,3 проценти).

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Дејности во врска со недвижен имот (3,9 проценти), Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (3,5  проценти) и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (2,9 проценти).

Како што информира ДЗС, просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во ноември 2021 година, изнесувала 43 509 денари.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Посетување на наставата во основните училишта да се одвива без маски за учениците, освен ако учениците по сопствена волја не бараат да носат заштитна маска. За наставниците и останатите вработени во училиштата останува обврската за носење маски.

Олабавување на рестриктивните мерки за спречување на ширење на коронавирусот

Владата на Република Mакедонија ги усвои препораките на Главниот координативен кризен...

Овој софистициран микроскоп дава прецизна и детална слика на оперативното поле, вели екс министерот за Здравство Венко Филипче!

Специјалната болница „Св.Еразмо” во Охрид за прв пат доби неврохируршки микроскоп

Специјалната болница „Св.Еразмо” во Охрид за прв пат доби неврохируршки микроскоп....