Просечната месечна исплатена бруто-плата, пак, во јули изнесувала 42 627, што е за 4,9 повеќе од јули 2020 година.

Објавил: Рејхан Бајрами | 21 септември, 2021 13:12

80% земаат од Државата? Просечната плата во јули 28 540 денари

Фото/Текст извор: ©магазин

Просечната исплатена нето-плата по вработен во јули годинава изнесувала 28 540 денари и е за 4,8 отсто поголема од истиот месец лани, соопшти Државниот завод за статистика.

Зголемувањето се должи, пред сѐ, на растот на просечната месечна исплатена нето-плата во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (15.1 %), Уметност, забава и рекреација (14.2 %) и Други услужни дејности (13.5 %).

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (7.5 %), Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (4.3 %) и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли
(3.7 %).

Просечната месечна исплатена бруто-плата, пак, во јули изнесувала 42 627, што е за 4,9 повеќе од јули 2020 година.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Најмногу пари, според пресметките на ССМ, се трошат за храна и пијалоци (14.633 денари) и за плаќање на режиските трошоци (10.818 денари). За лична хигиена, минималните трошоци изнесуваат 2.382 денари, а за превоз минимум се потребни 2.529 денари.

Две минимални плати не се доволни ниту за основните потреби

Минималните трошоци на едно четиричлено семејство во август се зголемени за 214 денари...

Според ОЕЦД, на земјава треба да ѝ се честита за усвојувањето на првата национална Стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија и на Кодексот на добри практики за финансиска едукација.

Народната банка со највисока доверба во регионот

Во Македонија, повеќе од каде било во регионот, граѓаните имаат доверба во централната...