Просечната цена на метар квадратен нов стан во Хрватска во првата половина од годинава изнесува 2.219 евра, што е за 4,1 отсто повеќе во однос на истиот период лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика!
Тоа значи дека купувачите морале да одвојат речиси две полни просечни нето плати за еден квадратен метар нов стан, која за јуни во Хрватска изнесуваше 1.150 евра.
Во Загреб цена на метар квадратен нов стан во првата половина од годината изнесува 2.623 евра, а просечната плата во Загреб е 1.303 евра.
Во споредба со лани, цените во Загреб се за 6,9 отсто повисоки од лани.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.