Во „Јавна соба“ минатата година ова време беа регистрирани околу 7.000 корисници кои си разменуваа експлицитни фотографии од девојки од Македонија, некои и малолетни кога минатата година полицијата наводно ја згасна групата на Телеграм за што пишуваше и „Слободен печат“.
Полицијата и овој пат е известена но се уште нема официјално соопштение од МВР дека ставиле крај на ваквите злоупотреби и ги пронашле сторителите.
Како што објави Сител, 22-годишна девојка била предупредена од пријател дека нејзина фотографија од Фејсбук се нашла во групата, а објавени биле уште две експлицитни од девојка која многу наликува на неа.
Полицијата работи на расчистување на случајот.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.