Вучиќ: Србија нема да дозволи насилства, јас можам да го изгубам само животот

Објавил: Сања Кукиќ | 17 март, 2019 13:26

Протестите во Белград продолжуваат, се бара оставка од Вучиќ

Фото/Текст извор: ©онлине-магазин

Во денешното обраќање пред српскиот народ, по повод вчерашниот упад на демонстрантите во националната РТС, Александар Вучиќ соопшти дека не стравува од никого, и дека Србија нема да дозволи насилства.

Тој порача дека сите оние кои се подготвени со насилство да решаваат проблеми, да бидат подготвени и на понатамошни последици.

На денешното обраќање претседателот Александар Вучиќ го спомена и премиерот Зоран Заев и неодамнешното судење за случајот 27 април каде што Митко Чавков доби 18 години затвор за настаните во Собранието.
-Големиот пријател на тајкунот Јеремиќ и Ѓилас, се пофали како го осудил Чавков на 18 години, затоа што не спречил граѓаните да влезат во Собрание, и сега многумина можеби сметаат дека и ние треба да размислуваме на тој принцип. Јас сметам дека нашиот министер Небојша Стефановиќ мислел дека има работа со одговорни луѓе и не очекувал насилства – изјави Вучиќ.

-Овие луѓе надвор кои свиркаат и кои имаат пораки, на нив им е дозволено да протестираат, се додека тоа не прејде во насилство. Тоа се случи синоќа во РТС. Не можеа на мене, па насилно влегоа и се закануваа на исплашените дами во Радио Телевизија Србија. Можете да претпоставите како се чувствуваат сега тие. Сакам да им порачам дека јас не се плашам. Јас можам да го изгубам само животот, и ништо повеќе. Србија ќе биде стабилна земја. Нема да дозволиме никој со насилство да решава проблеми. Оние кои се подготвени на насилство, нека бидат подготвени подоцна да сносат и последици – рече Вучиќ.

Паралелно , за време на денешното обраќање на претседателот Александар Вучиќ од зградата на Претседателството кон народот, неколку стотици демонстранти беа пред зградата и цело време свиркаа додека траеше протестот. Тие побараа од Вучиќ да се повлече од функцијата и да престане да го лаже народот.

-Бараме Вучиќ да биде храбар и да се обрати тука, пред народот, а не да се обраќа само пред оние медиуми кои самиот ги бира. Пред камерите се прави дека е силен, а тука каде што го чекаме го нема никаде – изјавија демонстрантите.

Зградата е под силно полициско обезбедување, а полиција е присутна и низ цел Белград. Во еден момент демонстрантите ја пробија и заштитната ограда, но беа спречени од полицијата да направат поголеми проблеми и да влезат во зградата.

За денеска се најавени нови протести низ главниот град на Србија. Вчера демонстранти упаднаа во зградата на Радио Телевизија Србија и сакаа да се обратат во живо на дневникот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Балкан

Бугарската полиција стана вистинси хит откако направи фатална грешка со солзавецот наменет за демонстрантите.

Бугарската полиција стана вистински хит- употребија солзавец за демонстрантите но тој им се врати(ВИДЕО)

Бугарската полиција стана вистинси хит откако направи фатална грешка со солзавецот...