Бугарскиот амбасадор Жељаско Радуков во текот на денот ќе биде примен од Директоратот во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.
Како што претходно најави премиерот Христијан Мицкоски, нему ќе му биде врачена протестна нота за неистакнувањето на македонското знаме при фотографирањето на македонската претседателка Гордана Силјановска Давкова со нејзиниот бугарски колега Румен Радев.
Според изворите од МНРиНТ, при договарањето на средбата меѓу двајцата претседали било планирано сликање сами во работните простирии на Радев. Од бугарскиот амбасадор ќе се побара одговор зошто било направена отстапка од нивна страна.
Инаку, на тет а тет сребата и на ручекот ги имаше знамињата од двете страни.
Мицкоски денеска порача дека македонската делегација за непоставувањето на државното знаме не реагирала веднаш во знак на почит на двајцата пилоти, кои истиот ден го загубија животот во авионска несреќа.
Имаше реакција од Кабинетот на претседателката и таму стоеше многу јасно зошто тој ден не е реагирано. Во интерес на почитта кон загубените трагични животи на пилотите што загинаа во Бугарија, не сакавме да создаваме тензија. Но добро е што и денеска се реагира, на овој начин. Порано не ни пречеше што се виткаше кичмата и што се бакнуваа чевлите на нашите соседи и се молчеше. Тогаш тоа беше убаво и европска вредност, а сега кога реагираме, зошто реагираме, рече Мицкоски.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.