На протестот се бара Врховниот суд да го поништи судењето и да има ново, со тврдење дека меѓу сведоците имало и лажни.

Објавил: Рејхан Бајрами | 29 мај, 2021 19:42

Протест за слобода на осудените за „27 април“

Фото/Текст извор: ©mkd

Вечерва во 18.30 часот, пред Владата почна најавениот протест за поддршка и правда за осудените за насилниот упад во Собранието на 27 април 2017 година, под мотото „Правда за Уставобранителите”, кој треба да заврши пред Собранието, објави МКД!

Според организаторите на протестот, како што е соопштено, организации и здруженија од дијаспората, обвиненијата за тероризам на осудените за „27 април” се политички монтирани.

Поддршка на протестот има и од ВМРО-ДПМНЕ, а меѓу присутните се и лидерот на партијата и функционери од раководството.

На протестот се бара Врховниот суд да го поништи судењето и да има ново, со тврдење дека меѓу сведоците имало и лажни.

За „27 април”, 16 лица се осудени на затворски казни од над десет години или вкупно 211 години затвор за кривичното дело „терористичко загрозување на државниот поредок”. Амнестирани беа 12 обвинети, меѓу кои тогашните пратеници Крсто Мукоски, Сашо Василевски, Љупчо Димовски и Љубен Арнаудов.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Настани

Во четврток, 14 октомври 2021 година, во Малме, претседателот Пендаровски ќе оствари средба со премиерот на Кралството Шведска, Стефан Лофвен, додека во Гетеборг ќе оствари средба со претставници на Македонскиот сојуз во Шведска.

Пендаровски во работна посета на Шведска

Претседателот Стево Пендаровски, од денеска – 13 октомври 2021 година, среда, ќе престојува...

После министер за одбрана Албанец, после министер за надворешни работи Албанец, по претседател на Собрание Албанец, на следните парламентарни избори последните 100 дена влегуваме со премиер Албанец. Наредно е претседател на држава да биде Албанец“, истакна Ахмети.

Ахмети од Чаир: Наредно е претседател на држава да биде Албанец

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети во Чаир на партиски митинг, најави рушење на нова барикада. После...

Тој изјави дека Македонија нема да се предаде пред приказните на Заев и нема да му поминат поделбите, Македонија ќе победи на овие избори и на народот му е доста од разочарувања.

Следно што Заев и СДСМ планираат е бришење на историјата, а народот на овие избори тоа не смее да го дозволи, вели Мицкоски

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вчерашниот митинг во Прилеп истакна...

На Могилата на непобедените е предвидена свечена празнична програма и обраќања на претседателот на државата, Стево Пендаровски, на градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски и на претседателот на Општинскиот одбор на борците од Прилеп, Круме Соколоски.

Празникот ќе биде одбележан и во Скопје и во Куманово.

Осумдесет години од Денот на народното востание – 11 Октомври

Осумдесет години од денот кога беше означен почетокот на Народно-ослободителната...